HEMOFARM Ринасек 10 таблети

HEMOFARM Ринасек 10 таблети
127,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
000182C
favorite_border

Опис на производот

Лекот Ринасек се употребува за лекување на:

  • Алергиски ринитис (воспаление на назалната мукоза предизвикано од алергија)
  • Вазомоторен ринитис (воспаление на назалната мукоза што не е предизвикано од алергија)
  • Настинка (кивавица)

Пакување: 10 таблети

Содржина

Состав:

Активни супстанции: трипролидин хидрохлорид и псеудоефедрин хидрохлорид.

1 таблета содржи:

Псеудоефедрин хидрохлорид 60.0 мг

Трипролидин хидрохлорид   2.5 мг

Употреба:

Ринасек таблетите се наменети за перорална употреба. Ринасек не треба да се употребува подолго од 5 дена. Доколку симптомите Ви се влошат или не Ви биде подобро после 2-3 дена, мора да се обратите на лекар.

  • Возрасни и деца постари од 12 години:

1 таблета на секои 4 до 6 часа, максимум 4 таблети на ден. Вкупната дневна доза на псеудоефедрин не смее да надмине 240 мг

  • Деца од 6 до 12 години:

Консултирајте лекар или фармацевт пред употребата на лекот кај деца под 12 годишна возраст.

½ таблета на секои 4 до 6 часа, максимум 3 дози на ден.

Вкупната дневна доза на псеудоефедрин не смее да надмине 90 мг.

  • Деца под 6 години:

Употребата на лекот е контраиндицирана кај деца под шест годишна возраст.

  • Постари лица:

Во врска со употребата на комбинацијата псеудоефедрин/трипролидин кај постари лица, не се спроведени посебни студии. Кај постарите лица како ефикасна се покажала вообичаената доза за возрасни, со следење на функцијата на бубрезите и/или црниот дроб.

Во случај на потешки оштетувања на бубрезите и/или црниот дроб, потребна е претпазливост.

  • Употреба на лекот Ринасек за време на бременоста и периодот на доење:

Пред да земете било каков лек, советувајте се со Вашиот лекар или фармацевт. Доколку сте бремени, планирате да забремените или доите, консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт. Во текот на бременоста, не треба да користите Ринасек без тоа да ви го советува вашиот лекар.

Лекот Ринасек се излачува во мајчиното млеко во мали количини. Не го употребувајте во периодот на доење без да се советувате со Вашиот лекар.

Како и сите лекови, и лекот Ринасек може да има несакани дејства кај некои пациенти, иако тие не мора да се јават кај сите пациенти кои го земаат лекот.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се