HEMOFARM Снуп 0.1% Спреј за нос, 10 мл

HEMOFARM SNUP 0.1% Nasal Spray sprej za nos
HEMOFARM Снуп 0.1% Спреј за нос, 10 мл
233,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
049208C
favorite_border

Опис на производот

Спреј за нос, раствор, содржи активна супстанција ксилометазолин која ги стеснува крвните садови на слузницата на носот и со тоа се намалува отокот и се зголемува проодноста на носните канали.

Лекот е наменет за олеснување на симптомите кај затнат нос, хроничен и алергиски ринитис (алергиско воспаление на слузницата на носот), синузитис (воспаление на синусите).

Пакување: 10 мл.

Содржина

Состав:  Ксилометазолин (во форма на хидрохлорид). Snup® спреј за нос, раствор 0.1% 1 мл спреј за нос, раствор содржи 1 мг ксилометазолин хидрохлорид. Една апликација на лекот (околу 0.09 мл раствор) содржи 0.09 мг ксилометазолин хидрохлорид.

Употреба:

Возрасни и деца постари од 6 до 12 години: по потреба се вбризгува до 3 пати на ден по една доза SNUP 0.1% спреј за нос, во секоја носница.

Спрејот за нос, растворот не треба да се употребува подолго од 7 дена. Лекот не е наменет за деца помлади од 12 години.

Лекот Snup® не смеете да го користите: ако сте алергични (преосетливи) на ксилометазолин хидрохлорид или на која било друга помошна состојка на лекот. Ако имaтe суво воспаление на носната слузница (rhinitis sicca) и кај деца на возраст под 12 години (SNUP® 0.1% спреј за нос, раствор).

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се