HEMOFARM Тиомуказе гел против целулит, 200 мл
Опис на производот
Како делува Thiomucase®?
Thiomucase® ја исполнува својата функција во лекување на локалната липодистрофија односно целулитот, со деполимеризација на мукополисахаридите (дерматон сулфат и хијалуронска киселина), кои ја градат основната супстанца. Покрај тоа, Thiomucase® реверзибилно го размекнува колагенот од сврзното ткиво. Ткивото станува попропустливо за течности при што се овозможува полесна мобилизација на мастите од резервите, како и нивно согорување.
Покажува добри ефекти кај сите облици на целулит. Ја прави кожата затегната и цврста што е докажано со долгогодишната употреба во “fitness“ и “body building“ салоните, ширум светот, каде Thiomucase се користи како составен дел од фитнес програмите кои обезбедуваат одличен изглед на кожата. Заради постигнување на побрзи резултати можна е употреба на Thiomucase® гел и во козметичките салони.
Пакување: 200 мл.
Содржина
За постигнување на максимални резултати потребено е мултидисциплинарно да се пристапи на проблемот:
- Thiomucase® гел – да се нанесува на местата зафатени со целулит наутро и навечер пред спиење
- Правилна и разновидна исхрана
- Вода (6-8 чаши дневно)
- Престанок на пушење
- Намалување на стресот
- Намален внес на соли
- Физичка активност
- Масажа
- Хипокалорична детоксификациона диета (која подразбира прекин на земање на кофеин, газирани пијалоци и алкохол, намален внес на масти, шеќери, сол и зачини)
- Идеално се вклопува во секојдневната нега на телото: едноставно се користи, лесно се впива, ја негува и одржува влажноста на кожата.
- Ја зголемува еластичноста и тонусот на кожата, ја зголемува размената на материи во поткожното ткиво и го превенира создавањето на депозити на масти
Со употребата на Thiomucase® гелот во склоп на мултидисциплинарниот пристап на лекување на целулитот се добива значајно намалување на обемот на бедрата, бутините и струкот. Ефикасно го превенира настанувањето и редукцијата на постоечкиот целулит.