HERBA Smokvan Сируп од смокви и сливи, 150 мл

HERBA Smokvan Сируп од смокви и сливи, 150 мл
665,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Шифра
017059C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Смоквите се богат извор на диетални влакна и висок процент на влакна растворливи во вода.

  • Овој тип на влакна благотворно делуваат на регулација на варењето
  • Сувите смокви имаат три пати повеќе минерали и магнезиум од свежите, што придонесува за нивното позитивно влијание на варењето

Сувите сливи содржат дури три состојки кои придонесуваат за добро варење:

  • Висок процент на нерастворливи диетални влакна. Овие влакна не можат да се разложат во дигестивниот систем, но ја врзуваат водата за себе и ја прават столицата пообемна, што го олеснува минувањето низ цревата
  • Сорбитол, природен шеќер кој има способност да апсорбира вода
  • Дихидроксифенил-исатин, супстанца која ги стимулира цревните контракции, што е неопходен процес за редовно празнење на цревата.

Додаток во исхраната наменет за деца, бремени жени и за возрасни.

Пакување: 150 мл

Содржина

Состав: пире од овошје: сува смоква (Ficus carica) и слива (Prunus domestica), сорбитол, глицерол, конзерванс: натриум бензоат, етерично масло од нане (Mentha piperita), етерично масло од ким (Carum carvi).

Употреба: се применува со приложената дозна чашка. 

  • Деца: 5 мл навечер
  • Бремени жени и доилки: 15 мл навечер
  • Возрасни. 15-30 мл навечер

По отварањето, препаратот треба да се чува во фрижидер и да се употреби во текот на 6 месеци.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се