HERBAMEDICA Липозомален глутатион, перорален раствор, 220 мл
Опис на производот
Herbamedica Liposomal Glutathione Liquid Липозомален глутатион, перорален раствор, е граничен производ.
Liposomal Glutathione е производ во форма на перорална течност со вкус на змејско овошје (drafon fruit) и манго.
Содржи оптимална концентрација на Setria® глутатион и витамин Ц, со висока апсорпција, добиени со најнов процес на производство – липосомална технологија. Липосомалната технологија е иновативен метод на производство за добивање на активни состојки со максимална биокомпатибилност.
Liposomal Glutathione е наменет за:
- Нормална функција на имунолошкиот ситем
- Нормална функција на црниот дроб
- Заштита на клетките од оксидативен стрес
- Нормална функција на кожата
- Благопријатно дејство на хормоналниот статус
- Подобрување на интелектуалните способности и когнитивната функција
- Нормален метаболизам и продукција на енергија
Производот е погоден за вегани.
Прочитајте повеќе за Herbamedica Liposomal Glutathione.
Пакување: 220 мл - 22 дневни дози.
Содржина
Состав:
| Состојки | 10 мл |
| Ксилитол | 1727 мг |
| Фосфолипиди (сончогледов лецитин) | 1300 мг |
| Аскорбинска киселина (натриум аскорбат) | 800 мг (1000 % ПДВ*) |
| Setria® глутатион | 533 мг |
*препорачано дневно внесување
®Регистрирана трговска марка на KYOWA HAKKO BIO CO.LTD Јапонија
Помошни состојки: конзерванс: калиум сорбат, арома: змејско овошје и манго, вода.
Податок за алергени: производот не содржи глутен, соја, јајца, животински состојки и риба.
Производот содржи засладувач.
Употреба на граничниот производ Liposomal Glutathione:
- Препорачана дневна употреба: 10 мл на ден, половина час пред оброк, најдобро наутро (користете ја приложената мерна лажичка - 5 мл)
- Пред употреба добро протресете
Мерки на претпазливост: Да не се надминува препорачаната дневна доза. Да не се употребува како замена за разновидна и балансирана исхрана и здрав начин на живот. Во случај на пречувствителност на било која состојка престанете со употреба на производот. Ако сте бремени или доите, или имате било каков медицински проблем, или земате други лекови, консултирајте се со Вашиот лекар, пред употреба на производот. Ако сте пропуштиле доза, земете ја наредната и продолжете со вообичаено дозирање.
Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената.
Чување и рок на употреба на граничниот производ Liposomal Glutathione: Да се чува на места недостапни за деца. Да се чува на суво и ладно место, на температура од 6 до 24°С. После првото отворање да се користи до 8 недели.