HOLLE 1 Органска почетна формула за доенчиња од козјо млеко 400 г

Опис на производот
Почетна формула за доенчиња од козјо млеко
- Од раѓање
- Сертифициран органски производ
- Holle 1- Почетната формула за доенчиња од органско козјо млеко е млечна формула произведена од органско козјо млеко
- Млекото е добиено од кози кои се одгледувани во согласност со ЕУ регулативите за органско земјоделство
- Соодветно за посебна нутритивна употреба од страна на доенчињата од денот на раѓање доколку тие не се дојат или за надополнување на доењето
- Лесно прифатено од доенчињата при промена од друга почетна формула
После 6 месец препорачуваме употреба на Holle 2. Последователна формула за доенчиња од органско козјо млеко во комбинација со Holle органски кашички. HOLLE е швајцарски производител на органска бебешка храна уште од 1930 година. Сите производи на Holle се произведени од органски/биодинамични состојки.
Сите вештачки хемикалии и конзерванси, се исклучени од составот на производите на Holle уште од самиот почеток на неговото постоење. Повеќе од 85 години, Holle одржува органски квалитет. Секогаш органско - поради вистински причини.
Како прв производител на бебешка храна со Demeter квалитет Holle користи суровини од органско или биодинамичко земјоделство, без експлоатација на животните, почвата или животната средина преку фер партнерство со земјоделците. Holle приоритети се здрава и балансирана исхрана со употреба на едноставни и природни рецепти со сезонска разновидност. Сите состојки се предмет на строги контроли за да осигураат што поголема безбедност. Holle производите се посветени на благосостојбата на Вашето бебе.
Пакување: 400 г
Содржина
Состојки: полномасно козјо млеко во прав* 41%, малтодекстрин*, лактоза*, растителни масла* (палмино масло*, масло од семе од репка*, сончогледово масло*), калциум карбонат, Л-триптофан, натриум цитрат, холин битартарат, витамин Ц, лцистин, Л-метионин, Л-изолеуцин, железо лактат, витамин Е, цинк сулфат, калциум Д-пантотенат, ниацин, бакар сулфат, рибофлавин, витамин А, тиамин, витамин Б, манган сулфат, калиум јодат, фолна киселина, витамин К, натриум селенат, 6 биотин, витамин Д, витамин Б .
*состојки од органско производство.
Изјава во однос на алергии: производот содржи млеко.
Подготовка: Секогаш подготвувајте ја формулата со чисти и суви раце. Шишињата, цуцлите, прстените, капачињата, чашите, ножот и лажичката треба да бидат добро измиени. До самата употреба чувајте ги шишињата и капачињата покриени. Зовријте ја потребната количина на вода и потоа изладете ја на температура од 50˚C. Налејте во шишенцето околу половина од потребната вода. Водата треба да биде предходно зовриена и изладена. Посебно подготвувајте го секое шишенце. Наполнете ја мерната лажичка и порамнете со помош на нож.
Секогаш користете ја мерната лажичка која се наоѓа во кутијата. Додадете ја потребната количина прашок на водата. Добро протресете. Додадете го остатокот на вода и повторно протресете. Оставете да се излади на температура од околу 37˚C пред употреба. Ако не ја користите формулата веднаш, можете да ја чувате во фрижидер најдоцна до 24 часа.
Немојте да ја менувате количината на прашок освен ако вашиот лекар не ви препорача. Несоодветниот начин на подготовка или чување може да го загрозат здравјето на Вашето бебе. Секогаш подготвувајте свеж оброк за Вашето бебе. Не го користете остатокот од храна за следниот оброк. Поради опасност од прегревање храната не смее да се загрева во микро печка.
Важна напомена: Мајчиното млеко претставува најприродна, најдобра прехрана за Вашето бебе. Holle го препорачува доењето. Производот може да се користи само по препорака на стручни лица од областа на медицината, фармацијата или исхраната.
После отварање на пакувањето содржината може да се употребува до 2 недели. Пакувано во заштитена атмосфера.