HOLLE 2 Органска последователна формула за доенчиња по 6 месеци, од кравјо млеко, 600 г
Опис на производот
Holle Organic 2 Follow-on Milk - Органска последователна формула за доенчиња од кравјо млеко
- По 6 месеци
- Сертифициран органски производ
- Со Demeter квалитет
- Со ДХА*2 за нормален вид
- Со витамини Ц и Д* кои придонесуваат за нормално функционирање на имунолошкоиот систем
- Со АЛА (омега-3 масна киселина) која придонесува за развој на мозокот и нервите
- Од биодинамички произведено млеко
*согласно регулаторните барања за сите последователни формули за доенчиња
Важна напомена: Мајчиното млеко претставува најдобра прехрана за Вашето бебе.
Повеќе од 85 години, Holle одржува органски квалитет. Секогаш органско - поради вистински причини. Како прв производител на бебешка храна со Demeter квалитет Holle користи суровини од органско или биодинамичко земјоделство, без експлоатација на животните, почвата или животната средина преку фер партнерство со земјоделците. Holle приоритети се здрава и балансирана исхрана со употреба на едноставни и природни рецепти со сезонска разновидност. Сите состојки се предмет на строги контроли за да осигураат што поголема безбедност. Holle производите се посветени на благосостојбата на Вашето бебе.
Пакување: 600 г
Содржина
Состојки: обезмастено млеко**1, сурутка во прав* (делумно деминерализирана), растителни масла* (палмино масло*3, сончогледово масло*, масло од семе од репка*), малтодекстрин*, скроб*, калциум карбонат, калиум хлорид, масло од микроалга Schizochytrium sp.2, витамин Ц, калциумови соли на ортофосфорна киселина, Л-тирозин, калиум цитрат, натриум хлорид, Л-триптофан, железо сулфат, цинк сулфат, витамин Е, магнезиум карбонат, ниацин, бакар сулфат, пантонтенска киселина, витамин А, витамин Б1 (тиамин), витамин Б6, манган сулфат, калиум јодат, фолна киселина, витамин К, натриум селенат, витамин Д, витамин Б12, биотин.
*состојки од органско производство
**Demetar (состојки од биодинамичко производство; вкупен demeter 68%)
- 1* 100г прашок се направени од 182 ml обезмастено млеко
- 2* содржи ДХА (омега-3, согласно регулаторните барања за сите последователни формули за доенчиња). ДНА придонесува за нормален развој на видот на новороденчињата. Позитивниот ефект е постигнат со дневен внес од 100 mg ДХА.
- 3* од одржливо земјоделство
ДХА во овој производ е од растително потекло (добиена од алги неместо рибино масло).
Информација за алергени: видете ги зборовите со bold.
Нутритивни информации (на 100 мл готов производ): eнергетска вредност 287 кJ/ 68 kcal, масти 3.6 г (заситени 1.0 г, мононезаситени 1.9 г, полинезаситени киселини 0.7 г), линолна киселина 574 мг, алфа линоленска киселина 57 мг, ДХА 14 мг, јаглени хидрати 7.7 г (шеќери 5.3 г, лактоза 5.2 г, скроб 0.8 г), белковини 1.4 г, витамин А 55.4 мкг, витамин Д 1.6 мкг / 23%*, витамин Е 1.2 мг, витамин К 6.6 мкг, витамин Ц 7.0 мг /16%*, витамин Б1 0.039 мг, витамин Б2 0.14 мг, ниацин 0.36 мг, витамин Б6 0.038 мг, фолна 11.1 мкг, фолати 18.5 мкг ДФЕ, витамин Б12 0.11 мкг, биотин 1.8 мкг, пантотенска киселина 0.36 мг, калиум 88.2 мг, хлориди 52.5 мг, калциум 61.4 мг, фосфор 37.9 мг, магнезиум 5.40 мг, железо 0.59 мг, цинк 0.46 мг, бакар 0.054 мг, манган 0.0051 мг, флуориди <0.010 мг, селен 3.8 мкг, јод 14.9 мкг, натриум 25 мг.
*% референтен внес.
Употреба:
- Соодветно за посебна нутритивна употреба од страна на доенчињата после 6 месец до навршена 3 годишна возраст како дел од мешовита исхрана
- Може да се употребува после периодот на доење, по употреба на Holle 1 Почетната формула за доенчиња или наместо било која друга последователна формула
Подготовка: Зовријте ја потребната количина на вода и потоа изладете ја на температура од 50˚C. Налејте во шишенцето околу половина од потребната вода. Посебно подготвувајте го секое шишенце. Наполнете ја мерната лажичка и порамнете со помош на нож. Секогаш користете ја мерната лажичка која се наоѓа во кутијата. Додадете ја потребната количина прашок на водата. Добро протресете. Додадете го остатокот на вода и повторно протресете. Оставете да се излади на температура од околу 37˚C пред употреба.
- Ве молиме точно да ги следите инструкциите за подготовка. Со дозирање на точни количини ќе му овозможите на Вашето бебе секогаш да ги добие хранливите состојки кои му се потребни
- Секогаш користете ја приложената мерна лажичка
- Немојте да ги менувате препораките за дозирање, освен ако така не ве советувал Вашиот лекар. Несоодветната подготовка и чување може да бидат штетни за здравјето
- Секогаш подготвувајте свеж оброк. Не го користете остатокот од храна за следниот оброк
- Поради опасност од прегревање храната не смее да се загрева во микро печка
- Шишето, цуцлата и прстенот треба да бидат добро измиени.
Вообичаена подготовка:
13.5 г прашок + 90 мл зовриена вода = 100 мл готов оброк.
Едно пакување содржи приближно 44 оброци од по 100 мл.
Важна напомена:
- Мајчиното млеко претставува најприродна и најдобра прехрана за Вашето бебе. Преку доење Вашето бебе ги добива сите потребни корисни состојки и витамини. Производот може да се користи само по препорака на стручни лица од областа на медицината, фармацијата или исхраната
- Органската последователна формула за доенчиња е соодветно за посебна нутритивна употреба од страна на доенчињата после 6 месец како дел од мешовитата исхрана и не смее да се користи во првите 6 месеци од животот како замена за мајчино млеко. Одлуката за прекинување на доењето пред 6 месечна возраст треба да биде со помош и по совет на стручни лица од областа на исхраната и зависи од степенот на индивидуалниот развој и потребите на Вашето бебе
- За да се заштитат забите од можна појава на кариес, не му го давајте шишето на бебето за смирување. Внимавајте на хигиената на устата на Вашето бебе посебно по појавата на првите запчиња.
После отварање чувајте го пакувањето на суво место (не во фрижидер) и употребувајте го во тек на 3 недели. Пакувано во заштитена атмосфера.