HOLLE 3 Органска последователна формула од кравјо млеко, 600 г

HOLLE 3 Органска последователна формула од кравјо млеко, 600 г
723,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
048189C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

  • Од 10 месеци  
  • Сертифициран органски производ
  • Со Demeter-квалитет
  • Со ДХА
  • Со витамини А, Ц и Д кои придонесуваат за нормално функционирање на имунолошкоиот систем
  • Со АЛА (омега-3 масна киселина) придонесува за развој на мозокот и нервите
  • Од биодинамички произведено млеко

Важна напомена: Мајчиното млеко претставува најдобра прехрана за Вашето бебе.  

  • Соодветно за посебна нутритивна употреба од страна на малите деца од 12 месец до навршена 3 годишна возраст како дел од мешовита исхрана
  • Може да се употребува по употреба на Holle 2 Органска последователна формула за доенчиња или наместо било која друга последователна формула
  • Holle 3 Органската последователна формула може да се користи и за подготовка на Holle органските кашички.

Повеќе од 85 години, Holle одржува органски квалитет. Секогаш органско - поради вистински причини. Како прв производител на бебешка храна со Demeter квалитет Holle користи суровини од органско или биодинамичко земјоделство, без експлоатација на животните, почвата или животната средина преку фер партнерство со земјоделците. Holle приоритети се здрава и балансирана исхрана со употреба на едноставни и природни рецепти со сезонска разновидност. Сите состојки се предмет на строги контроли за да осигураат што поголема безбедност, Holle производите се посветени на благосостојбата на Вашето бебе. За HOLLE 3 Органската последователна формула се користи Demeter - сертифицирано млеко. Demeter фармите работат според биодинамички принципи, во склад со природата. На овој начин се гарантира висок квалитет на млечната формула

Пакување: 600 г (2 x 300 г )

Содржина

Состојки: обезмастено млеко**1, сурутка во прав* (делумно деминерализирана), растителни масла* (палмино масло*3, масло од семе од репка*, сончогледово масло*), малтодекстрин*, скроб*, лактоза*, калциум карбонат, калиум хлорид, Л-тирозин, рибино масло2, магнезиум хлорид, калциум хлорид, калциум хидроксид, Л-триптофан, железо лактат, бакар сулфат, витамин Ц, натриум хлорид, цинк сулфат, витамин Е, ниацин, калциум Д-пантотенат, витамин Б, витамин А, манган сулфат, калиум јодат, фолна киселина, 1 6 натриум селенат, витамин К, витамин Д, биотин, витамин Б12.

*состојки од органско производство

**Demeter (од биодинамичко производство)

  • 1 100 г прашок се направени од 164 мл обезмастено млеко
  • 2 содржи ДХА (согласно регулаторните барања за сите почетни формули за доенчиња)
  • 3 од одржливо земјоделство

Подготовка: Секогаш подготвувајте ја формулата со чисти и суви раце. Зовријте ја потребната количина на вода и потоа изладете ја на температура од 50˚C. Налејте во шишенцето околу половина од потребната вода. Посебно подготвувајте го секое шишенце. Наполнете ја мерната лажичка и порамнете со помош на нож.

Секогаш користете ја мерната лажичка која се наоѓа во кутијата. Додадете ја потребната количина прашок на водата. Добро протресете. Додадете го остатокот на вода и повторно протресете. Оставете да се излади на температура од околу 37˚C пред употреба.

Несоодветната подготовка и чување може да бидат штетни за здравјето. Секогаш подготвувајте свеж оброк. Не го користете остатокот од храна за следниот оброк. Поради опасност од прегревање храната не смее да се загрева во микро печка.

Важна напомена: Мајчиното млеко претставува најприродна и најдобра прехрана за Вашето бебе. Преку доење Вашето бебе ги добива сите потребни корисни состојки и витамини.

Производот може да се користи само по препорака на стручни лица од областа на медицината, фармацијата или исхраната.

Holle 3 Органска последователна формула е соодветно за посебна нутритивна употреба од страна на малите деца почнувајќи од 10 месеци па натаму, како дел од мешовитата исхрана и не смее да се користи во првите 9 месеци од животот како замена за мајчино млеко.

После отварање чувајте го пакувањето на суво место (не во фрижидер) и употребувајте го во тек на 2 недели. Пакувано во заштитена атмосфера.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се