HOLLE A2 Органска почетна формула 1 (0-6 месеци), 400 г

HOLLE A2 Органска почетна формула 1 (0-6 месеци), 400 г
668,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
053691C
favorite_border

Опис на производот

  • Органска почетна формула за доенчиња од раѓање
  • Сертифициран органски производ
  • Со ДХА*
  • Погодно за дополнување на исхраната со мајчиното млеко
  • Со А2 млеко

*согласно регулаторните барања за сите почетни формули

Holle A2 Organic Infant Formula 1 содржи специфична мешавина на протеин од сурутка и казеин. А2 млекото содржи А2 β-казеин протеин и се добива од специјални видови на крави.

Повеќе од 85 години, Holle одржува органски квалитет. Секогаш органско – поради вистински причини. Сите состојки се предмет на строги контроли за да осигураат што поголема безбедност. Holle производите се посветени на благосостојбата на Вашето бебе.

Пакување: 400 г

Содржина

Состојки: обезмастено А2 млеко*1, сурутка во прав* (делумно деминерализирана), растителни масла*(палмино масло*3, масло од семе од репка*, сончогледово масло*), лактоза*, калциум карбонат, Л-тирозин, калиум хлорид, рибино масло2, магнезиум хлорид, масло од Mortierella Alpina, калциум хлорид, калциум хидроксид, холин, натриум хлорид, Л-триптофан, иноситол, железен лактат, Витамин Ц, цинк сулфат, витамин Е, ниацин, пантотенска киселина, бакар сулфат, витамин А, витамин Б1, манган сулфат, витамин Б6, калиум јодат, фолна киселина, натриум селенат, витамин К, Витамин Д, биотин.

  • *состојки од органско производство.
  • 1. 100 г прашок се направени од 163 мл обезмастено млеко.
  • 2. Содржи ДХА (согласно регулаторните барања за сите почетни формули за доенчиња)
  • 3. Од одржливо земјоделство

Употреба:

  • Соодветно за употреба од денот на раѓање, како замена за доењето или за надополнување на доењето.

  • После 6ти месец препорачуваме употреба на Holle А2 Органска Последователна формула за доенчиња 2 во комбинација со Holle органски кашички.

Подготовка:

Пред употреба, стерилизирајте го шишето, цуцлата и прстенот со вриење во вода во тек на 3-5 минути. Зовријте ја потребната количина на вода и оставете ја да се излади на температура од околу 50˚C. Налејте во шишенцето околу половина од потребната вода. Наполнете ја мерната лажичка, порамнете со помош на нож и додадете ја потребната количина прашок во водата. Добро протресете. Додадете го остатокот на вода и повторно протресете. Оставете да се излади на температура од околу 37˚C, пред употреба.

Вообичаена подготовка:

13.2 г прашок + 90 мл зовриена вода = 100 мл готов оброк.

Пакувањето содржи околу 30 оброка од по 100 мл.

Важна напомена:

  • Мајчиното млеко претставува најприродна и најдобра прехрана за Вашето бебе. Преку доење Вашето бебе ги добива сите потребни корисни состојки и витамини. Производот може да се користи само по препорака на стручни лица од областа на медицината, фармацијата или исхраната.

  • За да се заштитат забите од можна појава на кариес, не му го давајте шишето на бебето за смирување. Внимавајте на хигиената на устата на Вашето бебе посебно по појавата на првите запчиња.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се