HOLLE Органска каша со 3 жита - ориз, пченка, просо (6+ месеци) 250 г

Опис на производот
- Од 6 месец
- Органски сертифициран производ
- Не содржи глутен
- Лесна подготовка
- Повеќекратна употреба (како млечна каша со додавање млеко, како обична каша без млеко или како овошна каша)
- Без додадени шеќери
- Содржи природни шеќери
Нето-тежина: 250 г
Содржина
Состојки: интегрално оризово брашно* (70%), demeter пченкарно брашно** 20%, интегрално брашно од просо* (10%), тиамин.
- *од органско производство
- **од биодинамичко производство
Кога ќе се отвори да се употреби во рок од 3 недели.
Пакувано во заштитена атмосфера.
Подготовка со користење формула: подгответе 170 мл од избраната формула за доенчиња (според упатството за употреба). Ставете ја подготвената формула во сад и додадете 18 г од органската интегрална каша од 3 жита (околу 3-4 лажици). Оставете смесата да отстои и изладете на телесна температура (на околу 37°С).
Полумлечна каша: зовријте 100 мл полномасно млеко и 100 мл вода и потоа изладете на температура од околу 50°С. Ставете ја течноста во сад и додадете 25 г од органската интегрална каша од 3 жита (околу 5 лажици). Оставете смесата да отстои и изладете на телесна температура (на околу 37°С).
Подготовка со мајчино млеко: измешајте 25 г од органската интегрална каша од 3 жита (околу 5 лажици) во 130 мл топло мајчино млеко. За да се зачуваат вредните хранливи состојки не го загревајте мајчиното млеко над 40°С.
Каша без млеко: зовријте 200 мл вода и и потоа изладете на температура од околу 50°С. Додадете 25 г од органската интегрална каша од 3 жита (околу 5 лажици) и 1 лажица масло за јадење се додека не се добие посакуваната густина.
Каша без млеко со овошје или зеленчук: измешајте 20 г органска интегрална каша од 3 жита (околу 4 лажици) со 100 г овошна кашичка во тегла или 100 г овошно пире и додадете 1 лажица масло за јадење. Додадете вода (околу 90 мл, зовриена, 50°С). Може да користите и 160 г зеленчукова кашичка во тегла и да додадете 2 лажици од маслото.
Напомена: Ве молиме во тек на подготовката на храната да се придржувате на упатството. За секој оброк подготвувајте свежа храна. Не го оставајте остатокот од храна за следниот оброк.