HOLLE Органска каша со беби мусли (6+ месеци) 250 г

HOLLE Органска каша со беби мусли (6+ месеци) 250 г
199,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
039880C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

  • Од 6 месеци
  • Органски сертифициран производ
  • Со Demeter квалитет
  • Содржи глутен
  • Лесна подготовка
  • Повеќекратна употреба (како млечна каша со додавање млеко, како обична каша без млеко или како овошна каша)
  • Без додадени шеќери
  • Содржи природни шеќери

Само внимателно селектирани зрна се користат во органските каши на Holle. Органските каши за бебиња од Holle нудат повеќе можности за подготовка што ќе му овозможи на вашето бебе разновидна исхрана. Органските каши на Holle со Demeter квалитет се произведени и контролирани во согласност со строгите биодинамички стандарди, од одгледувањето до готовиот производ.

Нето-тежина: 250 г

Содржина

Состојки: Demeter интегрални пченични снегулки** 82%, demeter интегрални овесни снегулки** 7%, банана во прав* 6%, снегулки од малина* 3% (пире од малина*, оризово брашно*), парчиња јаболка*2%, тиамин.

  • *од органско производство
  • **од биодинамичко производство

Кога ќе се отвори да се употреби во рок од 3 недели. Пакувано во заштитена атмосфера.

Подгответе 170 мл од избраната формула за доенчиња (според упатството за употреба). Ставете ја подготвената формула во сад и додадете 18 г од органската бебешка мусли каша (околу 3-4 лажици). Оставете смесата да отстои и изладете на телесна температура (на околу 37°С).

Полумлечна каша: зовријте 100 мл полномасно млеко и 100 мл вода и потоа изладете на температура од околу 50°С. Ставете ја течноста во сад и додадете 25 г од органската бебешка мусли каша (околу 5 лажици). Оставете смесата да отстои и изладете на телесна температура (на околу 37°С).

Подготовка со мајчино млеко: измешајте 25 г од органската бебешка мусли каша (околу 5 лажици) во 130 мл топло мајчино млеко. За да се зачуваат вредните хранливи состојки не го загревајте мајчиното млеко над 40°С.

Каша без млеко: зовријте 200 мл вода и и потоа изладете на температура од околу 50°С. Додадете 25 г од органската бебешка мусли каша (околу 5 лажици) и 1 лажица масло за јадење се додека не се добие посакуваната густина.

Каша без млеко со овошје: измешајте 20 г органска бебешка мусли каша (околу 4 лажици) со 100 г овошна кашичка во тегла или 100 г овошно пире и додадете 1 лажица масло за јадење. Додадете вода (околу 90 мл, зовриена, 50°С).

Напомена: Ве молиме во тек на подготовката на храната да се придржувате на упатството. За секој оброк подготвувајте свежа храна. Не го оставајте остатокот од храна за следниот оброк. Не ја загревајте храната во микро печка (ризик од изгореници).

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се