МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна на територијата на целата држава и истата е бесплатна со нарачка над 1800 денари.

Имате можност за избор на термин за достава.

Информации за право на повлекување од договорот на далечина или од договорот вон деловните простории на трговецот

Потрошувачи имате право да се предомислите и да се повлечете од купувањето

Информации за право на повлекување од договорот на далечина или од договорот вон деловните простории на трговецот

Согласно член 127 од Законот за заштита на потрошувачите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 236/22) потрошувачот има право, без да наведе причина, еднострано да се повлече од договорот на далечина или договорот вон деловните простории на трговецот.

Рокот за повлекување истекува по изминувањето на 14 дена од денот кога стоката што е предмет на договорот е предадена на потрошувачот или на трето лице определено од потрошувачот кој не е превозникот (доставувачот).

Доколку со една нарачка потрошувачот нарачал повеќе парчиња стока што треба да се достави посебно, односно ако се работи за стока што се испорачува во повеќе парчиња или во повеќе пратки, рокот од 14 дена почнува да тече од денот кога потрошувачот или трето лице назначено од потрошувачот, а кое не е превозник (доставувачот), го поседува и последното парче или последната пратка на стока.

 

Образецот за повлекување од договор на далечина или договор вон деловните простории на трговецот

Пред истекот на рокот за еднострано повлекување од договорот на  на далечина или од договорот вон деловните простории на трговецот, потрошувачот е должен да го извести трговецот за својата одлука за повелкување на договорот преку Образецот за повлекување од договор на далечина или договор вон деловните простории на трговецот.

Образецот за повлекување од договор на далечина или договор вон деловните простории на трговецот се поднесува во електронска форма во А-4 формат.

Страните не се обврзани да ги исполнуваат своите обврски од договорот, доколку потрошувачот го остварил своето право еднострано да го раскине купопродажен договор склучен на далечина или договор склучен вон деловните простории на трговецот.

Во случај на раскинување на договорот, секоја страна е должна да и го врати на другата она што го добила во иста вредност и количина, освен трошоците за достава на пратката што трговецот не враќа на потрошувачот.  

 

Обврски на потрошувачот во случај на повлекување од договор на далечина или договор вон деловните простории на трговецот

Доколку потрошувачот се остварил со правото на повлекување од договорот, ќе мора да ја врати стоката без одлагање, а најдоцна во рок од 14 дена, од денот кога го известил трговецот за одлуката за повлекување од договоро на трговецот или на субјектот овластен од страна на трговецот за прием на стоките односно доставувачот и тоа:

- потрошувачот мора да го врати примениот предмет неоштетен,

- во иста количина,

- освен ако предметот не е уништен, оштетен, изгубен или е намален во вредност без вина на потрошувачот.

Во случај на повлекување од договорот потрошувачот ќе плати директниот трошок за враќање на пратката.

Потрошувачот е одговорен за секое намалување на вредноста на стоката што произлегува од ракувањето со стоката.

Доколку се утврди дека производот е неисправен или оштетен до тој степен што производот не може повторно да се продаде, враќањето на парите на потрошувачот ќе биде одбиено и курирската служба ќе му го врати производот на потрошувачот на негов трошок. Рокот во кој потрошувачот дава согласност да го преземе производот е 15 дена од денот на приемот на известувањето дека повлекувањето од договорот не е одобрено. По истекот на наведениот рок, ZEGIN Online не е одговорен за производот, ниту е обврзан да го задржи производот, како и без обврска за враќање на платените средства на потрошувачот.

 

Обврски на трговецот во случај на повекување од договор

Трговецот мора да ја врати исплатената сума согласно склучениот купопродажен договорот без одлагање но најдоцна 14 дена откако стоката му е вратена, користејќи ги истите средства што потрошувачот ги користел за плаќање, и со претпоставка дека трговецот не мора да плати никакви дополнителни трошоци за таквото враќање кога потрошувачот изречно избрал начин на испорака што е различен од најевтиниот вид стандардна испорака што го нуди трговецот.

Tрговецот не е одговорен и нема да ги врати платените средства или да прифати враќање на оштетениот предмет, освен за оние кои се оштетени во процесот на утврдување на природата, карактеристиките и функционалноста на стоката.

Трговецот ги сноси трошоците за враќање на стоката само ако се испорачани неисправни или оштетени предмети предизвикани од грешка на трговецот.

 

Кога потрошувачот нема право да се повлече од договорот

Законот за заштита на потрошувачите ги пропишува случаии кога правото на потрошувач да се повлече од договорот e исклучено, одоносно кога потрошувач нема право да се предомисли и да се повлече од купувањето и тоа: -договори за услуги кога услугата е целосно извршена, но доколку од договорот за потрошувачот произлегува обврска за плаќање само доколку извршувањето започнало со претходна изрична согласност на потрошувачот и со негово изрично прифаќање дека го губи правото на повлекување од договорот, откако договорот е целосно извршен од страна на трговецот;

-договори за набавката на стоки или услуги чијашто цена зависи од колебањата на финансиските пазари врз кои што трговецот нема влијание, а што можат да настанат за време на рокот за повлекување од договорот;

- договори за набавка на стоки изработени по спецификација на потрошувачот или на стоки што се очигледно прилагодени на потрошувачот (производи специјално дизајнирани за потрошувачот како пример се креми или козметика изработени согласно барањето на потрошувачот);

- договори за набавка на лесно расипливи стоки или на стоки со краток рок на траење (пример храна и пијалоци лесно расипливи стоки или стоки што имаат краток рок на траење,производи со посебни услови за чување на одредени тепратури );

- договори за набавка на оригинално затворени стоки што не се погодни за враќање поради хигиенски причини или заштитата на здравјето, а се отворени по испоракат (на пример, достава на козметика, парфеми, додатоци за хранење, бебешки шишиња, цуцли, четки за заби и слични производи);

- договори за набавка на стоки што според нивната природа по испораката нераздвојно се мешаат со други артикли;

- договорите за снабдување на дигитални содржини и дигитални услуги, кога истите не се снабдуваат на траен носач и тоа кога извршувањето на договорот е започнато, а од договорот за потрошувачот произлегува обврска за плаќање, само доколку:

а) потрошувачот дал претходна изрична согласност да се започне со исполнување на договорот во текот на периодот за повлекување;

б) потрошувачот изрично прифатил дека со ова го губи правото на повлекување од договорот и

в) трговецот ги обезбедил: потврдата за претходната изречна согласност и прифаќањето на потрошувачот за извршување на договорот за снабдување со дигитална содржина, кога истата не се снабдува на траен носач, при што потрошувачот, во согласност со одредбите Законот за заштита на потрошувачите со кои се уредуваат договорите на далечина и договорите вон деловните простории на трговецот, го губи правото на повлекување. и потврдата за претходната изречна согласност и прифаќањето на потрошувачот за извршување на договорот за снабдување со дигитална содржина, кога истата не е наведена на траен носач, при што потрошувачот, согласно со одредбите од Законот за заштита на потрошувачите, го губи правото на повлекување.

Барање за повелекување од договор на далечина или договор вон деловните простории на трговецот треба да се испрати електронски е-пошта: zeginonline@zegin.com.mк, или преку телефон 072 310 690 со изјава со која потрошувачот ја изразува неговата волја за раскинување на договорот за што ќе добие детални инструкции за понатамошне постапување.

Во случај на електронско раскинување на договорот, трговецот е должен да го извести потрошувачот за приемот на изјавата за раскинување на договорот.