МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна само во Скопје и истата е бесплатна со нарачка над 501 денар

КОМПАНИЈАТА „ЗЕГИН“ ОБЕЗБЕДИ НОВА СПОРТСКА ОПРЕМА ЗА МЛАДИТЕ ПИНГПОНГАРИ ОД БЕРОВО

Сопственикот на компанијата „Зегин“, г-дин Благој Механџиски донираше спортска опрема за членовите на  пингпонгарскиот клуб „Зегин“ од Берово. Обезбедени се нови дресови и тренерки за сите играчи.

Господинот Механџиски истакна дека поддршката за младите во областа на спортот ќе продолжи и понатаму, бидејќи тие се иднината и најдобар начин за промоција на една држава.

Тренерот на ППК „Зегин“ изрази задоволство и упати голема благодарност до копанијата „Зегин“ за поддршката која несебично ја дава уште од почетокот на формирањето на пингпонгарскиот клуб во Берово.

ППК „Зегин“еден од најдобрите клубови во државата и единствен клуб кој за толку кратко време постигнал врвни резултати, а целта е и учество во натпревари на меѓународно ниво на кое се надеваат од клубот, со заедничи труд и помош од господинот Благој Механџиски.

Во наредниот период 10 натпреварувачи од градскиот пинонгарски клуб,ќе учествуваат на меѓународен камп во Крупањ, каде ќе има претставници од неколку држави од регионот како што се Храватска,Србија,Босна и Романија.