МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна на територијата на целата држава и истата е бесплатна со нарачка над 1.500 денари.

Имате можност за избор на термин за достава.

 

Компанијата Зегин се стекна со уште едно признание за општествено одговорна компанија

Во рамки на 24-тото генерално собрание на Американската комора кое се одржа изминатава недела, се доделија признанија за најдобрите практики на општествена одговорност (CSR) на компаниите-членки.

Kомпанијата Зегин го доби признанието за компанија со една од најдобрите општествено одговорни практики, преку проектот “Партнерство за донирање” кој е поддржан од УСАИД , а имплементиран од Американската стопанска комора.

priznanie

Признанието се однесува  на хуманитарната трка “Зегин Спектратон- трка на херои во сите бои” како  дел од кампањата за подигнување на свесноста за лицата со аутизам која е во фокусот на Зегин за оваа година.

priznanie

Преку хуманитарната трка, но и со дополнителна донација од Фондацијата Д-р Верица Механџиска беа собрани средства со кои започна реконструкцијата на првиот регионален социјален клуб за адолесценти со аутизам.

Со оваа кампања компанијата Зегин заедно со Фондацијата Д-р Верица Механџиска ја отвора шансата за подигнување на свеста, за едуцирање и за потсетување на општеството дека аутизмот не е ограничување, туку различен начин на постоење.

Кампањата е упатување на повик за сочувство, за вклучување и за препознавање на сјајот во она што може да изгледа како хаос.