МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна на територијата на целата држава и истата е бесплатна со нарачка над 1.500 денари.

Имате можност за избор на термин за достава.

 
Компанијата Зегин се вклучи во борбата против пожарите во Пехчевско!

Сопственикот на компанијата Зегин, г-дин Благој Механџиски уште во утринските часови се вклучи на терен и активно помагаше во справувањето со кризата со пожарите на патот Делчево- Пехчево каде вчера беше зафатен Пехчевскиот регион во месноста Крива Круша. 

donacija voda zegin

“Подаваме рака онаму кадешто е најпотребно, затоа што заедно сме посилни! Да бидеме хумани, да бидеме одговорни, да бидеме сплотени заедно против сè што може да ги наруши здравјето и благосостојбата на нашите граѓани,да ја зачуваме природата и убавините по кои нашата земја е позната во целиот свет, да помогнеме за подобро утре. Ова што се случи е страшно и жално, изгореа Малешевските бели дробови”,изјави Механџиски, кој донираше палети природна изворска вода, храна, лекови, додатоци во исхрана и санитетски материјал (гази, спрејови против изгореници) и останати потребни медицински производи.

Освен дадената помош во храна, лекови и гориво, преку целиот ден Механџиски заедно со својот тим ги обиколуваше терените и селата за да пружи поддршка и таму.

Донациите ќе продолжат и понатаму, компанијата Зегин активно ќе ги следи случувањата и ќе помага како и досега, со цел побрзо и поефикасно да се надмине кризата.