KRKA Б-комплекс 30 обложени таблети
Опис на производот
Б-комплекс содржи витамини од Б групата кои го помагаат метаболизмот на јаглехидратите, мастите и протеините. Недостатокот на еден од овие витамини или зголемената потреба за истиот, исто така предизвикува потреба и за другите витамини од оваа група. Според тоа, доколку се појават знаци на недостаток на некој витамин од Б групата, треба да се зема целиот Б витамински комплекс.
Б-комплекс се употребува:
- За превенција и лекување на недостаток на витамини од Б групата (хиповитаминоза Б и авитаминоза Б)
- При зголемена потреба на витамините од Б групата
- При нарушена апсорпција на витамини кај заболувања на цревата и желудникот или на црниот дроб
- При заболување наречено берибери (хиповитаминоза поради недостаток на тиамин), невралгија (болка која се јавува поради болен процес во близина на сензорни нерви), полиневритис (воспаление на неколку нерви), невродерматоза (заболување на нервите на кожата).
Пакување: 30 филм-обложени таблети
Содржина
Состав:
Секоја филм-обложена таблета содржи:
Тиамин хидрохлорид- Витамин Б1 | 4 мг |
Рибофлавин- Витамин Б2 | 5 мг |
Пиридоксин хидрохлорид- Витамин Б6 | 2 мг |
Цијанокобаламин- Витамин Б12 | 1 мкг |
Калциум пантотенат | 5 мг |
Никотинамид | 25 мг |
Б-комплекс филм-обложените таблети содржат лактоза, натриум и сахароза.
Употреба:
- Деца од 5 до 14 години треба да земаат 1 филм-обложена таблета на ден.
- Возрасни треба да земаат 1 до 2 филм-обложени таблети, 2 до 3 пати на ден.
Мислења на потрошувачи
Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се
/ Најави се