KRKA Билобил форте капсули 80 мг, 20 капсули
Опис на производот
Билобил Форте капсулите содржат квантифициран сув екстракт од лист од растението гинко.
Билобил форте капсулите се препорачуваат при пореметена мозочна циркулација и функција (синдром на деменција при примарна дегенеративна деменција, при васкуларна деменција или при комбинирана форма од двете), а се манифестира како:
- Намалено помнење и намален интелектуален капацитет
- Нерасположеност и чувство на страв
- Вртоглавица
- Зуење во ушите
- Главоболка и нарушено спиење
- И при почетни пореметувања на периферна циркулација
Пакување: 20 капсули
Содржина
Состав:
Една капсула содржи:
80 мг стандардизиран сув екстракт од листот на гинко ( Ginko bilobae folii extractum siccum) со најмалку 19,2 мг гинкго флавоно гликозиди и 4,8 мг терпенски лактони (гинколиди, билобалиди).
Помошни супстанции: лактоза монохидрат, безводен колоиден силикагел, пченкарен скроб, магнесиум стеарат, талк.
Состав на надворешната обвивка на капсулата: метилпарахидроксибензаат (Е218), пропил парахидроксибензаат (Е216), желатин, црна боја PN (Е151), сина боја V (Е131), црвена боја 4R (Е124), портокалова боја FCF (Е11о), титанов диоксид (Е171).
Дозирање и начин на употреба :
- Блага до умерена деменција вообичаена доза е една капсула 3 пати на ден
- Почетни нарушувања на крвотокот на екстремитетите една капсула 2 пати на ден
Првите знаци на подобрување вообичаено се забележуваат после првиот месец.
Бременост и доење:
Не се препорачува употреба на овој лек за време на бременост и доење поради недостаток на податоци за безбедноста.