KRKA Далерон 500 мг, 12 таблети
Опис на производот
Далерон таблетите се користат за ублажување на умерена болка:
- Главоболка
- Забоболка
- Менструална болка
- Болки во мускулите и ревматска болка
- Болки од повреди, температура која е придружен симптом на вирусните и бактериски инфекции
Пакување: 12 таблети
Содржина
Состав: секоја таблета содржи 500 мг парацетамол.
Помошни супстанции: формалдехид казеин.
Употреба:
Строго придржувајте се кон упатствата на лекарот. Дозите не смеете да ги менувате или лекувањето да го прекинете без да се посоветувате со лекар.
Препорачаната доза за возрасни и деца над 12 години е 1 до 2 таблети, и за деца од 6 до 12 години, ½ до 1 таблета.
Дозата може да се повтори 4 пати во текот на денот. Интервалот на дозирање треба да биде најмалку 4 часа. Не треба да се земаат повеќе од 8 таблети, додека кај деца од 6 до 12 години не треба да се земаат повеќе од 4 таблети во текот на 24 часа.
Голтнете ја таблетата со малку течност.
Не треба да ја надминете препорачаната дневна доза.
Деца до 6 годишна возраст:
Овој лек не треба да се дава на деца до 6 годишна возраст.