KRKA Септаназал спреј за нос, за возрасни, 10 мл

Krka Septanazal For Adults, sprej za vozrasni za nos
KRKA Септаназал спреј за нос, за возрасни, 10 мл
189,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
027187C
favorite_border

Опис на производот

Krka Septanazal For Adults Спреј за нос, за возрасни.

  • Содржи ксилометазолин хидрохлорид и декспантенол
  • Ксилометазолин хидрохлоридот брзо ги стеснува крвните садови во носната слузница и го намалува отокот на носната слузница и лачењето на секрет. На тој начин, се намалува чувството на затнат нос
  • Декспантенол е дериват на витаминот пантотенска киселина кој овозможува заздравување и ја штити носната слузница
  • Овој лек е наменет за возрасни и школски деца на возраст од 6 години или постари

Септаназал за возрасни се употребува:

  • За намалување на отокот на носната слузница при воспаление на носната
    слузница (ринитис) и за заздравување на повредите (лезиите) на слузницата 
  • За олеснување при неалергиско воспаление на носната слузница (вазомоторен
    ринитис)
  • За лекување на отежнато дишење низ носот по операција на носот

Пакување: 10 мл. 

Содржина

Состав: Активни состојки: ксилометазолин хидрохлорид и декспантенол.

Секој мл од растворот од спрејот за нос содржи 1 мг ксилометазолин хидрохлорид и 50 мг декспантенол. Во едно прскање се содржи 0,1 мл од растворот од спрејот за нос кој содржи 0,1 мг ксилометазолин хидрохлорид и 5,0 мг декспантенол.

Помошни супстанции: калиум дихидроген фосфат, динатриум фосфат додекахидрат и пречистена вода.

Употреба: 

  • Препорачана доза за возрасни е едно прскање во секоја носница, до 3 пати дневно, по потреба. Дозата зависи од индивидуалната осетливост и клиничката ефикасност. Не се препорачува употреба на овој лек повеќе од 7 дена. Повторна употреба е можна по пауза од неколку дена.
  • Препорачана доза за деца на возраст над 6 години е едно прскање во секоја носница, до 3 пати дневно, по потреба. Во врска со времетраењето на употребата кај деца, секогаш советувајте се со лекар.

Начин на употреба: Најнапред отстранете го заштитното капаче од спрејот. Пред првата употреба или ако спрејот не бил употребуван подолг период, притиснете ја главата на спрејот неколку пати се додека не се појави фин спреј. Внесете го врвот на спрејот, колку е можно поисправено, во едната носница и притиснете ја еднаш главата на спрејот. Нежно вдишувајте преку носот додека прскате. По потреба, повторете ја постапката и во другата носница. По секоја употреба избришете го врвот на спрејот со хартиено марамче и вратете го заштитното капаче.

Предупредување: Строго придржувајте се кон упатствата на лекарот. Дозите не смеете да ги менувате или лекувањето да го прекинете без да се посоветувате со лекар. 

Продолжена употреба на високи дози од овој лек, може да предизвика хроничен оток и можно истенчување (оштетување) на носната слузница.

Овој лек е наменет за возрасни и школски деца на возраст од 6 години или постари. За деца до 6 години, достапен е Септаназал за деца спреј за нос со пониски дози од активните супстанции. Треба да ја надгледувате употребата на овој лек кај децата помали од 12 години. Доколку детето не се чувствува подобро или се чувствува полошо по 3 дена од лекувањето, ве молиме советувајте се со лекар.

Немојте да го земате Септаназал за возрасни, ако вие или вашето дете сте алергични на ксилометазолин хидрохлорид, декспантенол или на некоја од останатите состојки на лекот (наведени погоре), имате суво воспаление на носната слузница со формирање на корички (ринитис сика), ако хируршки ви била отстранета хипофизата или сте имале некоја друга операција во која биле засегнати менингите (обвивката на мозокот).

Бидете особено внимателни со Септаназал за возрасни и разговарајте со вашиот лекар или фармацевт пред да започнете да го употребувате ако: вие или вашето дете земате моноамино оксидаза инхибитори (МАОИ) или други лекови кои може да го покачат крвниот притисок, имате покачен очен притисок (глауком), особено ако имате глауком со тесен агол, имате некое тешко кардиоваскуларно заболување (на пример, коронарна срцева болест, висок крвен притисок, синдром на пролонгација на ОТ интервал), имате тумор на надбубрежната жлезда (феохромоцитом), имате метаболна болест (на пример, зголемена активност на штитната жлезда која се манифестира со зголемено потење, покачена телесна температура, срцево отчукување или ако имате шеќерна болест), имате метаболно нарушување наречено порфирија, имате зголемена простата.

Употреба при хроничен ринитис е можна само под медицински надзор поради опасност од атрофија на носната слузница. 

Неправилна употреба или употреба на прекумерни количини од спрејот може да предизвика системски несакани дејства, особено кај децата.

Да се избегнува директен контакт на лекот со очите.

Ве молиме да го информирате вашиот лекар или фармацевт ако земате или ако неодамна сте земале било кој друг лек, дури и оние кои не се на лекарски рецепт.

Употребата на Септаназал за возрасни истовремено со некои лекови за третман на депресија (моноамино оксидаза инхибитори од транилципромински тип или трициклични антидепресиви), како и лекови кои го зголемуваат крвниот притисок, може да доведе до покачување на крвниот притисок поради кардиоваскуларните ефекти на овие супстанции.

Не се препорачува употреба на овој производ доколку вие или вашето дете веќе земате некои други лекови за грип, кашлица и настинка, кои содржат симпатомиметици (лекови кои се употребуваат за третман на затнат нос, како псеудоефедрин, ефедрин, фенилефрин, оксиметазолин, ксилометазолин, трамазолин, нафазолин, туаминохептан). Истовремена употреба на овие лекови со Септаназал за возрасни може да го зголеми ризикот за појава на несакани дејства врз кардиоваскуларниот систем и централниот нервен систем.

Доколку вие или вашето дете се лекувате со некој од гореспоменатите лекови, советувајте се со лекар пред да започнете со употреба на Септаназал за возрасни.

Советувајте се со вашиот лекар или фармацевт пред да земете било каков лек. Ако сте бремени или доите, се сомневате дека сте бремени или планирате да забремените, побарајте совет од вашиот лекар или фармацевт пред да започнете да го земате овој лек. Не се препорачува употреба на овој лек за време на бременоста, поради недостаток на податоци за безбедноста кај бремени жени.
Не се препорачува употреба на овој лек при доење, затоа што не е познато дали ксилометазолин хидрохлорид преминува во мајчиното млеко.

Ако сте земале поголема доза Септаназал за возрасни отколку што треба, можни се несакани дејства, затоа најдобро е да се посоветувате со лекар.
Ако сте заборавиле да го земете Септаназал за возрасни не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената. 
Септаназал за возрасни може да прекинете да го употребувате веднаш штом ќе немате повеќе потреба од него.

Начин на чување: Лекот чувајте го на места недостапни за деца. По првото отварање лекот може да се употребува уште 12 месеци.

 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се