KRKA Септолете тотал спреј за уста 30 мл

KRKA Септолете тотал спреј за уста 30 мл
199,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
033724C
favorite_border

Опис на производот

Септолете тотал спрејот за уста е против-воспалителен, аналгетски и антисептичен лек за локална употреба во уста. Спрејот за уста врши дезинфекција на устата и грлото и ги намалува симптомите на воспаление на грлото како што се болка, црвенило, оток, печење и нарушена функција.

Септолете тотал се користи како против-воспалителен, аналгетски и антисептичен третман:

  • При надразнувања во грлото, устата и непцата
  • При гингивитис, фарингитис и ларингитис
  • Пред и по вадење на заби

Пакување: 30 мл

Содржина

Состав:

Активни супстанции: бензидамин хидрохлорид и цетилпиридин хлорид.

Употреба

Возрасни

За еднократна доза, притиснете го спрејот еднаш до двапати. Ова може да го повторувате на секои 2 часа, 3 до 5 пати на ден.

Употреба кај деца

Деца на возраст над 12 години

За еднократна доза, притиснете го спрејот еднаш до двапати. Ова може да го повторувате на секои 2 часа, 3 до 5 пати на ден.

Деца на возраст од 6 до 12 години

За еднократна доза, притиснете го спрејот еднаш. Ова може да го повторувате на секои 2 часа, 3 до 5 пати на ден.

Септолете тотал не треба да се користи кај деца на возраст под 6 години.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се