МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна на територијата на целата држава и истата е бесплатна со нарачка над 1.500 денари.

Имате можност за избор на термин за достава.

 

Л-глутатион

.

Л-глутатион е неесенцијална амино киселина, но е многу важна бидејќи е моќен природен антиоксиданс. Претставува главен одбранбен механизам, ги детоксицира и регенерира клетките и целиот организам. Во комбинација со каталаза и супероксид дисмутаза (SOD) претставува главно оружје на телото против надворешните напаѓачи.

Глутатионот се состои од три амино киселини - цистеин, глутаминска киселина и глицин. Нивото на глутатион во телото се намалува во процесот на стареење, под влијание на болести и стрес (вклучувајќи и напорен тренинг). Затоа треба да се надокнадува со додатоци во исхраната, бидејќи ниските концентрации на глутатион во организмот може да доведат до сериозни нарушувања: зголемен ризик од болести (слабеење на имунолошкиот систем) и забрзано стареење.

Спортистите кои земаат суплементи за да го зголемат нивото на тестостерон со цел да изградат мускулна маса, издржливост и енергија, треба да земаат и глутатион, бидејќи тој потенцијално учествува во одржувањето на хормоналната рамнотежа. Влијае и на таложење и транспортирање на аминокиселините низ телото – во изградбата на протеините, па без него не е можно одржување на мускулната маса.

Можни дејства:

- го штити организмот од слободните радикали

- го зајакнува имунолошкиот систем

- одржува хормонална рамнотежа

- помага при хронично воспаление кое може да доведе до артритис, срцеви заболувања и рак

- го прочистува (детоксифицира) организмот

- ги штити клетките оштетени од штетните состојки на тутунот