MARISOL Хипертоничен спреј за нос, 50 мл

MARISOL Хипертоничен спреј за нос, 50 мл
312,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
013002C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Хипертоничен раствор кој се одликува со единствена содржина на морска сол. Концентрацијата на сол во овој раствор соодветствува со соленитетот на морската вода. Бидејќи растворот е од хипертоничен тип, содржи повеќе сол во споредба со човековите физиолошки течности. Овој тип на раствор по примената врз отечена носна слузокожа брзо и ефикасно ја “извлекува”, т.е. дренира водената содржина, при што отокот на слузокожата брзо се намалува и дишењето се олеснува.

Дренирањето настанува како резултат на осмотскиот ефект на хипертоничниот раствор. Наменет е за лица кај кои е отежната нормалната физиолошка функција на носната слузокожа. Marisol Hypertonica растворот брзо ги олеснува тегобите кај затнатиот нос, а притоа не постојат ограничувања во однос на долготрајноста на неговата примена, бидејќи не ја оштетува слузокожата на носната шуплина и не доведува до појава на толеранција.

Помага при:

  • Затнат нос
  • Акутно воспаление на носната слузница
  • Кај лица со непроодни дишни патишта, вирусни настинки и кивавици од алергиско потекло (алергиски ринитис)
  • Воспаление на синусите (хроничен синузитис)
  • Пред употреба на кортикостероидни назални лекови
  • За ублажување на последиците од долготрајна примена на капки за нос кои во себе содржат вазоконстриктори
  • При проблеми со ‘рчење

Пакување: 50 мл

Содржина

Состав

  • 1 мл спреј содржи 37 мг морска сол
  • Растворувач: прочистена вода
  • Содржи конзерванс: бензалкониум хлорид 0,1 мг/мл

Употреба:

  • Возрасни и деца над две години: неколку пати дневно 1-2 распрскување во секоја ноздрва
  • Доенчиња и деца помали од две години: 1 распрскување во секоја ноздрва, 2-3 пати дневно

Марисол спрејот има одлична подносливост и не постои ограничување за должината на негова примена, бидејќи не ја оштетува носната слузокожа и не доведува до појава на толеранција. При препорачаната употреба на Marisol Hypertonica спреј не се очекуваат несакани ефекти. Не постојат посебни мерки на претпазливост за користење на спрејот. Нема достапни податоци за штетноста од примена на спрејот во текот на бременост и доење. Може да го користат деца и возрасни. Сепак, во ретки случаеви кај преосетливи лица можна е алергиска реакција. Реакцијата е блага и по правило се повлекува по престанокот од употреба на препаратот.

Пред првата употреба одстранете го заштитниот прстен од пластичниот распрскувач. Шишето држете го во вертикална положба. Одстранете го заштитниот поклопец и неколку пати притиснете ја пумпата додека не излезе првиот млаз на спреј. Врвот на носната пумпа вовлечете го во ноздрва, а потоа притиснете ја пумпата. При тоа, шишето држете го исправено, а главата не ја навалувајте назад. За време на распрснувањето на спрејот полека вдишете преку нос. После користењето, врвот на пумпата исперете го со млаз чиста вода. Вратете го заштитниот поклопец.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се