MARNYS Алерхелп, 20 шишенца

MARNYS Алерхелп, 20 шишенца
1.099,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
052717C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

ALERHELP го модулира имунолошкиот систем придонесувајќи за ублажување на симптомите на алергија како што се ринитис, уртикарија, егзема или конјуктивитис, меѓу другите.

  • За возрасни и деца од 18 годишна возраст

Главни придобивки:

  1. Поради својата антиоксидантна и имуномодулаторна активност, го поттикнува ублажувањето на алергиските тегоби, како што се ринитис и уртикарија.

  2. Концентратите од капер, црна рибизла и женшен придонесуваат за намалување на ослободувањето на хистамин и модулација на воспалителниот процес.

  3. Ресвератролот и концентратите на H. italicum и листот од маслинка го поддржуваат интегритетот на ткивата, како резултат на регулацијата на оксидативните процеси.

Состојки:

  1. Концентрат од капер (Capparis spinosa)

Сооднос 10:1; минимална содржина од 30-35% полифеноли.

Неговата содржина со полифеноли, флавоноиди, глукозинолати и липиди, меѓу другото, ја оправдува неговата широка употреба во популарната медицина, и во Азија и на медитеранскиот брег, како диуретик, антихепатотоксик, антиревматик, антиинфламатор и антиоксиданс, исто така и за ублажување на дигестивните непријатности.

Го инхибира ослободувањето на хистамин и ги модулира воспалителните медијатори.

  1. Концентриран прашок од лист од маслинка (Olea europaea)

Минимална содржина од 20% олеуропеин.

Содржи висока концентрација на полифеноли: олеуропеин, хидрокситирозол, вербаскозид, апигенин и лутеолин, меѓу другите. Потекнува од земјите на медитеранскиот брег и традиционално се користи за подобрување на метаболичките индикатори, како што се холестеролот и гликемијата, како и поради неговото антиоксидантно и антиинфламаторно дејство.

Ја поттикнува антиоксидантната активност, бидејќи ги модулира оксидативните процеси и придружните ензими.

  1. Концентрат од смил (Helichrysum italicum)

Сооднос 5:1. Минимална содржина од 3% флавоноиди.

Содржи различни флавоноиди: апигенин, нарингенин и кемпферол. Ова растение, кое потекнува од сушните области на медитеранскиот брег, традиционално се користи како антиалергично средство, при дигестивни состојби, за рани на кожата и како антимикробно средство.

Антиоксидативно дејство, поради неговата способност да ги заробува слободните радикали и да ги неутрализира.

  1. Концентрат од црна рибизла (Ribes nigrum)

Сооднос 4:1; минимална содржина од 10% полифеноли.

Неговиот биохемиски профил има голем број компоненти: флавоноиди (антоцијански полифеноли и флавоноли: кверцетин, мирицетин и кемпферол), незаситени масни киселини, јаглехидрати, неиспарливи органски киселини, танини и стилбени. Црната рибизла, по потекло од Централна Европа и Азија, традиционално се користи како средство со антимикробно и антиоксидантно својство.

  1. Концентрат од женшен (Panax ginseng)

Минимална содржина од 36% сапонини, 20% гинсенозиди изразени како Rb1.

Гинсенозидите се главните биоактивни компоненти на женшенот. Содржи и важни јаглехидрати како жинсан. Ова древно растение традиционално се користи како хранлив извор за подобрување на физичките перформанси, зголемување на отпорноста на инфекции и за справување со хронични болести.

Го инхибира производството на воспалителни простагландини и има ефект против замор и стрес.

  1. Ресвератрол (Polygonum cuspidatum)

Минимална содржина од 5% полифеноли.

Тоа е стилбен добиен од екстрактот од P. cuspi datum. Припаѓа на семејството на фитоалексини, бидејќи се полифеноли.

Антиоксиданс, со хемо-превентивно и антиинфламаторно својство, намалувајќи го оксидативниот и воспалителниот стрес.

ALERHELP покажа:

  1. Модулација на имунолошкиот систем

Ги намалува за повеќе од 50% алергиските маркери и ослободувањето на хистамин.

  1. Анти-инфламаторно и антиоксидантно својство

Ја намалува непријатноста од алергија.

Пакување: 20 шишенца по 10 мл

Содржина

Состав: во 10 мл:

Капер (концентрат) 320 мг
Лист од маслинка (од 22 мг концентриран прашок) 195 мг
Смил (концентрат) 100 мг
Црна рибизла (концентрат) 85 мг
Женшен (концентрат) 75 мг
Ресвератрол 5 мг

 

Употреба: едно (1) шишенце на ден, пред појадок.

 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се