MARNYS Артрохелп морски колаген, 350 г

MARNYS Артрохелп морски колаген, 350 г
1.399,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
045131C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

ARTROHELP MARINE Прашок

За зглобови, коски, мускули, кожа.

  • Вкус на ванила
  • Додаток во исхраната со засладувач         
  • Хидролизиран морски колаген
  • Глукозамин
  • Хондроитин
  • Хијалуронска киселина
  • Витамини: Ц, Б6, Д3, Б2, К2
  • Минерали

ARTROHELP MARINE придонесува за одржување на здравјето и функционалноста на коските, мускулите, зглобовите, 'рскавицата и кожата за лица со висока физичка активност, при процес на стареење и повреди.

  • Синергијата на состојките придонесува за подобрување на здравјето на мускулноскелетниот систем и кожата, придонесува за постигнување на високи концентрации колаген во ткивата.
  • Колагенот е протеин кој е од суштинско значење за еластичноста и функционирањето на ткивата. Присутен е во коските, кожата, лигаментите, ‘рскавиците и тетивите
  • Витаминот Б6 придонесува за нормален метаболизам на протеините
  • Витаминот Ц придонесува за нормално создавање на колаген потребен за нормална функција на ‘рскавиците, коските и кожата
  • Витаминот Б2 придонесува за одржување на нормална кожа
  • Магнезиумот придонесува за нормална функција на мускулите
  • Магнезиумот, Калциумот и Витамините К и Д придонесуваат во одржување на нормални коски

Делува синергистички:

  • Ја зголемува цврстината и силата на коските
  • Го намалува за 15-30% ризикот од фрактура на колкови
  • Ја подобрува функционалноста на 'рскавицата
  • Го намалува воспалението
  • Ја подобрува еластичноста и цврстината на кожата
  • Придонесува за метаболичка рамнотежа на кожата и регенерација, во случај на рани

За возрасни и деца од 12 годишна возраст. 

Пакување: прашок 350 г 

Содржина

Состав:

15 г (1 + ½ лажичка) содржи:

       %ПДВ*
Хидролизиран морски колаген 10000 мг /
Калциум 400 мг 50
Магнезиум  375 мг 100
Глукозамин сулфат 333 мг /
Хондроитин сулфат 267 мг /
Витамин Ц  24.5 мг 30
Хијалуронска киселина 11 мг /
Витамин Б2     1.4 мг 100
Витамин Б6    1.4 мг 100
Витамин К2  28.5 мкг 37
Витамин Д3    5 мкг 100

*препорачан дневен внес

Состојки: хидролизиран морски колаген (тип I) (риба), калциум цитрат, магнезиум цитрат, глукозамин сулфат, хондроитин сулфат, витамин Ц натриум хијалуронат, витамин Б2, витамин В6, витамин К2, витамин Д3, киселина (лимонска киселина), засладувач (сукралоза) и ароми.

Употреба: растворете 15 г прашок (1 рамна лажичка + ½ лажичка) во 250 мл вода, сок или друга течност, консумирајте еднаш дневно, по можност наутро. 

Производот не е наменет за бремени жени, доилки и деца.

Додатоците во исхраната не треба да се користат како замена за разновидна исхрана. Да не се надминува препорачаната дневна доза.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се