MARNYS Јојоба масло, 50 мл

Marnys jojoba repairing oil maslo od jojoba
MARNYS Јојоба масло, 50 мл
513,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
048447C
favorite_border

Опис на производот

Маслото од јојоба е екстрахирано од ладното цедено семе на ‘’Simmondsia chinesis’’.

Својства на маслото:

  • 100% растително масло

  • Интензивна хидратација

  • Реконструкција на балансот на маснотии на кожата

  • Ја храни и ревитализира и најсувата кожа

  • Ја штити кожата и го спречува нејзиното предвремено стареење

  • Не остава масни траги на кожата

  • Погоден за кожата на лицето и телото

  • Идеален како масло за масажа

  • Ја остава косата лесна за чешлање, мека и сјајна.

  • MARNYS® Jojoba Oil е признаен со COSMOS NATURAL сертификат.

COSMOS сертификатот го гарантира следново:

  • Одговорно користење на природните ресурси и почитување на животната средина

  • Чист производен процес кој не е штетен по здравјето на луѓето и животната средина

Останати придобивки од користење на масло од јојоба:

Содржи антимикробни и антифунгални својства. Лабораториски тестови потврдија дека маслото од јојоба убива одредени бактерии и габи кои предизвикуваат салмонела, ешерихија коли и кандида.

  1. Содржи природна форма на витамин Е. Овој витамин делува на кожата како антиоксидант. Ова значи дека маслото од јојоба помага на нашата кожа при борба со оксидативниот стрес на истата, кој е предизвикан од секојдневно изложување на загадувачи и токсини.

  2. На молекуларно ниво, маслото од јојоба е восок. Иако продира и се апсорбира во кожата, неговата восочна природа овозможува да се создаде смирувачко дејство на површината. За разлика од останатите ботанички есенцијални масла, маслото од јојоба е неиритирачко. Алергиски реакции се голема реткост.

  3. Го регулира создавањето на себум бидејќи е многу слично со себумот кој телото природно го произведува. Кога нанесувате масло од јојоба на кожата, таа станува хидрирана и мека. Со самото ова, се спречува масниот изглед на кожата и помага во спречување на создравање на акни кои се предизвикани од запушени пори.

  4. Антиоксидантите кои ова масло ги содржи, помагаат на телото при создавање на колаген. Колагенот е протеин кој се наоѓа во кожата и зглобовите, како и делови од телото кои се направени од рскавица. Нивото на колаген опаѓа при стареењето. Ова е една од причините зошто Вашето лице се менува при стареење. Постојат научни студии кои покажуваат дека антиоксидантите кои се нанесуваат на кожата се директно поврзани со подобрување на синтезата на колаген.

  5. Докажано е како извонредно масло при зараснување на рани. Овие исцелувачки состојки може да се поврзат со концентрацијата на природен витамин Е која е присутна во маслото од јојоба.

  6. Луѓето кои имаат псоријаза и егзема, маслото од јојоба го сметаат за многу корисно.

  7. По направена студија, се сугерира дека витаминот Е во комбинација со други антиоксиданти, ја штити кожата од оштетување.

Пакување: 50 мл

Содржина

Начин на користење:

  • При нанесување на кожата: нежно масирајте ја нанесената количина на сува или влажна кожа

  • При нанесување на косата: доколку имате масна коса, нанесете на коренот и држете 20 минути пред миење на косата. Додека, за сува или многу сува коса нанесете ја потребната количина на целата коса и оставете ја 20 минути пред да ја измиете.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се