MARNYS Липозомален витамин Ц 1000 мг, 20 шишенца

Marnys Vit C-1000 Liposomal Vitamin C lipozomalen vitamin c
MARNYS Липозомален витамин Ц 1000 мг, 20 шишенца
857,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
048176C
favorite_border

Опис на производот

MARNYS® VIT-C 1000 Liposomal Vitamin C е граничен производ наменет за зајакнување на имунолошкиот систем и антиоксидативните активности на организмот.

  • За возрасни 
  • Со засладувач

MARNYS® VIT-C 1000 содржи витамин Ц кој е инкапсулиран во липозоми. Липозомите се шупливи микроскопски сферични везикули составени од двослојна липидна обвивка. Имаат способност многу лесно да се апсорбираат преку цревните ресички во крвта и потоа постепено да го ослободуваат инкапсулираниот витамин Ц, со што се обезбедува висока биорасположливост и одржување на нивото на витаминот Ц во крвната плазма во тек на подолг временски период, споредено со конвенционалните формули.

Витаминот Ц е есенцијален хидросолубилен витамин кој има значителен придонес во одржување нормален енергетски метаболизам и за заштита на клетките од оксидативен стрес. Бројни научни студии ја потврдуваат неговата ефикасна антиоксидативна активност, посебно во органи како што се мозокот, црниот дроб, срцето и кожата.

Пакување: 20 шишенца х 10 мл.

Содржина

Состав:

Активна состојка во 10 мл %ПДВ*
Витамин Ц 1000 мг 1250

*препорачано дневно внесување

Состојки: вода, натриум аскорбат (витамин Ц), концентрат од сок од портокал, ароми, регулатор на киселост (лимонска киселина), емулгатори (фосфатидилхолин, полисорбат 20), конзерванси (калиум сорбат), згуснувач (гелан гума), засладувач (сукралоза), боја (бета-каротен).

Пакувано во заштитена атмосфера.

Употреба: 1 шишенце на ден пред појадок. Добро протресете пред употреба.

Мерки на претпазливост: да не се надминува препорачаната дневна доза. Производот не треба да се користи како замена за балансирана исхрана. Во случај на пречувствителност на било која состојка престанете со употреба на производот. Ако имате проблеми со бубрезите не треба да земате повеќе од 200 мг витамин Ц на ден. Ако сте бремени или доите, пред употреба на производот консултирајте се со Вашиот лекар. Производот содржи засладувач, сукралоза. Ако земате други лекови консултирајте се со Вашиот лекар, пред употреба на производот. Ако сте употребиле повеќе од препорачаното консултирајте се со Вашиот лекар. Ако сте пропуштиле доза, земете ја наредната и продолжете со вообичаено дозирање. Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената. 

Да се чува на на температура до 30ºС. Да се чува на места недостапни на деца.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се