MARNYS Vitahelp Витамин Д 2000 ИЕ, 10 мл

MARNYS Vitahelp vitamin d 2000
MARNYS Vitahelp Витамин Д 2000 ИЕ, 10 мл
473,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
051371C
favorite_border

Опис на производот

Витаминот Д е витамин кој се синтетизира во кожата при изложеност на сончева светлина (сончев витамин) или се внесува преку исхраната. Намалена изложеност на сончева светлина (на пример во тек на зимскиот период или поради различни други фактори како загадувањето и современиот начин на живот) и современиот начин на исхрана честопати доведуваат до потреба од надополнување на исхраната со витамин Д.

VITAHELP Vitamin D 2000 ИЕ е производ со природен витамин Д (холекалциферол) во форма на перорални капки, раствор - формулација базирана на маслиново масло што има за цел подобра апсорпција и расположливост на витаминот Д.

Витамин Д е витамин потребен за опшата благосостојба на организмот.

Има посебна улога во:

  • Одржување на нормална имунолошка функција на организмот како и зајакнување на имунолошкиот одговор при состојби на воспаленија и борба против различни микроби
  • Одржување на нормални нивоа на калциум и фосфор и со тоа е потребен за нормална минерализација на коските и нормална функција на мускулите и нервите – значајно за децата во периодот на интензивен раст и развој како и за возрасните поради ризикот од развој на остеопороза.
  • За возрасни и деца од 4 годишна возраст 

Пакување: 10 мл

Содржина

Состав: 1 капка содржи:

    %ПДВ*
Витамин Д 50 мкг (2000 ИЕ) 1000

*препорачано дневно внесување

Состојки: ладно цедено маслиново масло, витамин Д (холекалциферол) и антиоксиданс (мешавина од токофероли).

Употреба

  • Деца од 4 до 10 години: една (1) капка на ден
  • Деца над 10 години и возрасни: две (2) капки на ден

Производот не треба да се користи како замена за разновидна и балансирана исхрана и за здрав начин на живот.

Да не се надминува препорачаната дневна доза.

Бремените жени или жените кои планираат бременост да се консултираат со лекар пред да земат било каков производ.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се