MARNYS Vitahelp Витамин Д3 2000 ИЕ, 10 мл

Опис на производот
Marnys Vitahelp Витамин Д3 2000 ИЕ.
- Витаминот Д е витамин кој се синтетизира во кожата при изложеност на сончева светлина (сончев витамин) или се внесува преку исхраната
- Намалена изложеност на сончева светлина (на пример во тек на зимскиот период или поради различни други фактори како загадувањето и современиот начин на живот) и современиот начин на исхрана честопати доведуваат до потреба од надополнување на исхраната со витамин Д
- Vitahelp Vitamin D3 2000 ИЕ е производ со природен витамин Д (холекалциферол) во форма на перорални капки, раствор - формулација базирана на маслиново масло што има за цел подобра апсорпција и расположливост на витаминот Д
- За возрасни и деца од 4 годишна возраст
Витамин Д е витамин потребен за опшата благосостојба на организмот.
Има посебна улога во:
- Одржување на нормална имунолошка функција на организмот како и зајакнување на имунолошкиот одговор при состојби на воспаленија и борба против различни микроби
- Одржување на нормални нивоа на калциум и фосфор и со тоа е потребен за нормална минерализација на коските и нормална функција на мускулите и нервите – значајно за децата во периодот на интензивен раст и развој како и за возрасните поради ризикот од развој на остеопороза
Пакување: 10 мл.
Содржина
Состав:
Активни состојки | 1 капка содржи | %ПДВ* |
Витамин Д3 | 50 мкг (2000 ИЕ) | 1000 |
*препорачано дневно внесување
Состојки: ладно цедено маслиново масло, концентрат од витамин Д3 (холекалциферол) и антиоксиданс (мешавина од токофероли).
Употреба:
- Деца од 4 до 10 години: една (1) капка на ден
- Деца над 10 години и возрасни: две (2) капки на ден
Предупредување: производот не треба да се користи како замена за разновидна и балансирана исхрана и за здрав начин на живот. Да не се надминува препорачаната дневна доза суплементи. Немојте да го употребувате граничниот производ Vitahelp Vitamin D3 2000 IU во случај на пречувствителност на било која состојка во состав на производот. Бремените жени или жените кои планираат бременост да се консултираат со лекар пред да земат било каков производ.
Да се чува на места недостапни за деца. Да се чува на температура до 30°С.