MED-EQ Остеозил Д3, 30 таблети

Osteosyl D3
MED-EQ Остеозил Д3, 30 таблети
630,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Категорија
Бренд
Шифра
055729C
favorite_border

Опис на производот

MED-EQ Остеозил Д3 е граничен производ.

Одржување на здрави коски и превенцијата од остеопороза е многу значајно за возрасните и постари пациенти. Потребите за есенцијални нутриенси како калциум, витамин Д, магнезиум, цинк и витамин К се зголемуваат со возраста. Како додаток на балансирана исхрана и редовни вежби, може да се избегне остеопороза со земање на додатоци така што коските ќе примаат доволна количина од главните нутриенси за да останат здрави и јаки.

  • Osteosyl D3 овозможува оптимална комбинација на калциум, витамин Д3, магнезиум, цинк и витамин К за одржување на здрави коски и спречување на остеопороза
  • Калциумот е есенцијална компонента на коските и витаминот Д3 игра главна улога во апсорпцијата на калциум. После апсорбирањето, потребни се други нутриенти за да може калциумот да биде инкорпориран во коскена срцевина, а тоа го обезбедуваат магнезиум, цинк и витамин К кои се наоѓаат во Osteosyl D3
  • Osteosyl D3 може да бидат препишани од лекар или препорачани од фармацевт, за превенција и третман на дефицит на калциум, витамин Д3, магнезиум, цинк и витамин К

  • Може да бидат препишани или препорачани за бременост, менопауза и за други слични состојби, како остеопениа и остеопороза

Пакување: 30 таблети.

Содржина

Состав:

Активни супстанции 1 таблета ПДВ*
Калциум (калциум карбонат) 500 мг 62.5%
Магнезиум (магнезиум хидроксид) 200 мг 53.5%
Цинк (цинк сулфат монохидрат) 10 мг 100%
Витамин Д3 (Холекалциферол) 15 мкг (600 ИЕ) 300%
Витамин К (филокинон прашок) 100 мкг 133%

*препорачано дневно внесување

Помошни супстанци: микрокристална целулоза, повидон, кросповидон, силициум диоксид, магнезиум стеарат.

Обложување: хидроксипропил метил целулоза, калциум карбонат, полиетилен гликол.

Не содржи глутен и лактоза.

Употреба:

  • Возрасни: две таблети дневно, една таблета наутро една таблета навечер со полна чаша вода
  • Бременост и лактација: една таблета пред оброк со полна чаша вода

Нема податоци дека земањето со храна или напитоци ќе има влијание врз дејството на Osteosyl D3 таблетите.

Ако имате впечаток дека ефектот на Osteosyl D3 таблетите е премногу силен или премногу слаб, посоветувајте се со вашиот лекар или фармацевт.

Предупредување: немојте да ги употребувате Osteosyl D3 таблетите доколку: имате алергии на некоја од инградиентите (видете ја листата на екципиенси), имате камења во бубрезите, имате потешкотии со бубрезите. Советувајте се со вашиот лекар или фармацевт пред да ги земете Osteosyl D3 таблетите ако сте бремени или доите. Ве молиме да го информирате вашиот лекар или фармацевт ако земате или ако неодамна сте земале било кој друг лек или граничен производ. Ако сте земале поголема доза од Osteosyl D3 таблетите отколку што треба веднаш треба да се посоветувате со вашиот доктор или фармацевт. Ако сте заборавиле да ги земете Osteosyl D3 таблетите земете ги веднаш штом ќе сте во можност. Не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената доза.

При препорачана употреба, не се очекуваат специфични интеракции. Витаминот К има интеракција со варфарин и може да ја намали неговата јачина. Доколку се зема витамин К константно, без поголеми промени, неговото влијание врз варфаринот е ограничено. Ако пациентот зима варфарин, потребно е да се следи протромбинското време периодично.

Osteosyl D3 таблетите чувајте ги во оригинално пакување, на суви места недостапни за деца, на температура под 25°С.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се