MEDELA Solo Единечна електрична пумпа за измолзување

MEDELA Solo Single Electric Breast Pump pumpa za izmolzuvanje
MEDELA Solo Единечна електрична пумпа за измолзување
13.699,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
052647C
favorite_border

Опис на производот

Единечна електрична пумпа за измолзување со две функции кои го следат природниот ритам на цицање на бебето: стимулација и експресија.

Наменета е за поинтензивно измолзување на мајчино млеко од страна на доилки во болнички или домашни услови или во било која ситуација која подразбира одвоеност од нивното бебе. Со измолзувањето симптомите на набрекнатост на дојките се ублажуваат. Во случај на маститис придонесува за лекување со остранување на мајчиното млеко од погодените дојки и ги враќа во нормална состојба вовлечените брадавици. Исто така обезбедува мајчино млеко за доенчињата кои не можат да се хранат на природен начин.

  • Лесна за користење: само со 4 копчиња и 9 однапред програмирани програми;
  • Лесно се склопува и чисти благодарение на само неколку делови;
  • Лесен и компактен дизајн;
  • Подобрена мобилност: вградена батерија на полнење која ќе ви овозможи и до 6 сесии на измолзување со едно целосно полнење на батеријата;
  • Вградена батерија на полнење: може да се измолзувате насекаде – нема потреба да барате штекер, до 6 сесии на измолзување со полна батерија;
  • Брзо полнење на батеријата со USB тип C приклучокот, во споредба со приклучокот за микро-USB;
  • Технологијата 2-Phase Expression® го имитира природниот ритам на цицање на вашето бебе;
  • PersonalFit Flex™ инка за гради за зголемена удобност и 11,8% повеќе млеко;
  • Многу потивка во споредба со претходната генерација на пумпи на Медела, помалку од 45 dB на максималното ниво на вакуум;
  • Затворен систем кој спречува влез на мајчино млеко во цевката;

Лесна и едноставна.

Solo има девет однапред програмирани програми кои можете да ги изберете и контролирате со помош на четири копчиња кои се лесни за употреба. Изградена со помалку делови, електричната пумпа за гради Solo се склопува многу лесно и чистењето и е едноставно.

Технологијата на Двофазното измолзување.

За време на доењето, бебињата започнуваат со брзо цицање за да го стимулираат рефлексот на исфрлање на млекото. Штом млекото ќе почне да тече, бебињата се менуваат во побавен, индивидуален ритам за навистина да се нахранат. Технологијата 2-Phase Expression® на Medela го имитира природниот ритам на цицање на бебето – прва фаза на брзо измозлување за да го стимулира протокот на млеко, а потоа втора побавна фаза за да обезбеди оптимален проток на млеко.

PersonalFit Flex- Инки за гради.

Инката за гради PersonalFit Flex со агол на отворање од 105 степени, мек раб и овална форма за подобро вклопување на секоја града, врши помал притисок врз вашите млечни канали од традиционалните инки за гради, и дава резултати на поефикасно и поудобно искуство на измолзување. Повеќе удобност за вас, до 11,8% повеќе млеко за вашето бебе- клинички докажано. Вклучени се две големини на инки за гради: 21 mm и 24 mm.

Измолзувајте се каде и да сте, дури и кога нема приклучок за електрична енергија

Со најсовремениот USB C конектор, вградена батерија се полни многу побрзо во споредба со приклучокот за микро USB, и која трае до шест сесии на измолзување кога е целосно наполнета.

Затворен систем кој спречува мајчиното млеко да навлезе во цевката, да се прелее и да истече во механизмот на пумпата. Ова помага да се осигурате дека вашето измолзено млеко останува безбедно и чисто, но и дека компонентите на вашата пумпа се заштитени од потенцијално оштетување.

Solo, е новата генерација пумпи за гради и подобрена верзија на семејството на пумпи за гради Swing од Medela,  создадена за мајките кои дојат, кои бараат удобност и практичност во својот живот.

  • Технологијата 2-Phase Expression® го имитира природниот ритам на цицање на вашето бебе;
  • PersonalFit Flex™ инка за гради за зголемена удобност и 11,8% повеќе млеко.
  • Подобрена мобилност: вградена батерија на полнење која ќе ви овозможи и до 6 сесии на измолзување со едно целосно полнење на батеријата;
  • Брзо полнење на батеријата со USB тип C приклучокот, во споредба со приклучокот за микро-USB;
  • Лесна за користење: само со 4 копчиња и 9 однапред програмирани програми;
  • Затворен систем кој спречува влез на мајчино млеко во цевката;

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се