MEDICUBE Age-R Booster Pro Х2, Pink 7 во 1 Професионален уред за целосна нега на кожата

Medicube AGE-R Booster Pro X2 7-во-1 Професионален уред за целосна нега на кожата
Product watermark
НОВО
MEDICUBE Age-R Booster Pro Х2, Pink 7 во 1 Професионален уред за целосна нега на кожата
15.999,00 ден.
5
Просек: 5 (2 мислења)
Бренд
Шифра
065388C
15.999,00 
favorite_border

Опис на производот

Medicube AGE-R Booster Pro X2 7-во-1 Професионален уред за целосна нега на кожата

Уред за домашна употреба кој нуди двојно поголема моќност и има 30% поголема ефикасност за третман во споредба со оригиналниот Booster Pro. Уредот користи микроструи, EMS и LED светлосна терапија за затегнување на контурите на лицето, намалување на порите и драстично подобрување на апсорпцијата на производите за нега на кожата.

  1. Air Shot Mode (Режим за пори) - сино светло
  2. Booster Mode (Режим за сјај) - црвено светло
  3. Micro-current / MC Mode (Микроструја за волумен) - зелено светло
  4. Derma Shot Mode (ЕМС контурирање) - портокалово светло
  5. Dual Mode (Двоен режим) - жолто светло
  6. Mask Mode (Режим за маски) - виолетово светло
  7. AI Mode (Паметен режим) - бело светло

Главни придобивки:

  • Стеснува пори и ја измазнува текстурата на кожата
  • Зголемува апсорпција на серуми, креми и ампули за glass-skin ефект
  • Зголемува волумен, пополнува и ги измазнува ситните брчки
  • Користи EMS-технологијата за нежна масажа, обликување и дефинирање на мускулите на лицето, намалува оток и ја затегнува вилицата
  • Комбинира Booster и Micro-current режими истовремено за побрза рутина
  • Забрзува и подобрува апсорпција на есенцијата од класичните лист  маски
  • Овозможува автоматски прилагодена нега според моменталната состојба на кожата

Пакување: главен уред, УСБ кабел, упатство за употреба.

Содржина

Упатство за 7-те режими на работа:

1. Air Shot Mode (Режим за пори)

Цел: Ги стеснува порите и ја измазнува текстурата на кожата.

Употреба: Се користи исклучиво на целосно сува кожа веднаш по чистење. Лесно поминувајте со работ на уредот по лицето како со четка (без силен притисок).

Честота: 2–3 пати неделно по 5 минути.

2. Booster Mode (Режим за сјај)

Цел: Ја зголемува апсорпцијата на серуми, креми и ампули за ефект на „стаклена кожа“ (glass-skin).

Употреба: Нанесете серум или ампула. Движете ја главата на уредот со кружни и тркалачки движења од центарот на лицето нанадвор.

Честота: Секојдневно, 1–3 пати на ден.

3. Micro-current / MC Mode (Микроструја за волумен)

Цел: Го зголемува волуменот, ја пополнува кожата и ги измазнува ситните брчки.

Употреба: Нанесете серум или побогат крем. Влечете го уредот со нагорни движења за да ја подигнете кожата.

Честота: Секојдневно, 1–3 пати на ден.

4. Derma Shot Mode (ЕМС контурирање)

Цел: Ја користи EMS-технологијата за нежна масажа, обликување и дефинирање на мускулите на лицето, го намалува отокот и ја затегнува вилицата.

Употреба: Нанесете крем или гел. Движете го уредот со бавен и цврст притисок нагоре по линијата на вилицата, образите и вратот. Избегнувајте го пределот кај јаболкцето на грлото.

Честота: Секојдневно, 1–3 пати на ден.

5. Dual Mode (Двоен режим)

Цел: Ги комбинира Booster и Micro-current режимите истовремено за побрза рутина.

Употреба: Нанесете серум и масирајте го лицето за истовремено лифтинг и длабока апсорпција.

Честота: Секојдневно.

6. Mask Mode (Режим за маски)

Цел: Ја забрзува и подобрува апсорпцијата на есенцијата од класичните лист (sheet) маски.

Употреба: Ставете ја лист маската на лицето. Поминувајте со уредот преку неа 5 минути. Не го користете со хидрогел маски.

Честота: Секогаш кога користите лист маска.

7. AI Mode (Паметен режим)

Цел: Автоматски прилагодена нега според моменталната состојба на кожата.

Употреба: Се активира исклучиво преку апликацијата на Medicube, која сама ја одредува должината и комбинацијата на режимите.

Основни контроли

Вклучување/Исклучување: Притиснете и задржете го копчето за вклучување 2-3 секунди за да го вклучите уредот.

Избор на режим (Mode): Доколку сакате да го промените режимот, кратко притиснете го копчето за режим.

Јачина (Ниво 1-6): Доколку сакате да ја промените јачината, кратко притиснете го копчето за вклучување. Секогаш почнувајте од ниво 1.

Поврзување со апликација: Вклучете го уредот, отворете ја апликацијата Medicube AGE-R и поврзете се преку Bluetooth.

Чистење и одржување: Никогаш на суво (освен за Air Shot) кожата мора секогаш да биде добро навлажнете со производ за уредот лесно да лизга. По упореба, за хигиенски цели, избришете го уредот со сува крпа или памучна вата и алкохол и складирајте го.

Уредот не смее да се мие со вода.

Мерки на претпазливост: Ве молиме користете според препорачаната фреквенција на употреба. При прва употреба, започнете со најниско ниво на интензитет и прилагодете го по потреба за време на употреба. Избегнувајте употреба на уредот на забранети места како што е наведено во упатството за употреба. Испуштањето на производот за време на употреба може да предизвика оштетување и дефекти на производот. Да се ​​чува подалеку од дофат на деца и чувајте го производот на суво место.

Предупредувања: Не го користете уредот ако сте во лоша здравствена состојба, под дејство на алкохол, земате апчиња за спиење, чувствувате замор или сте на медицински третман. Доколку почувствувате болка или невообичаени симптоми за време на употребата, веднаш прекинете со употреба. Повторната употреба на уредот на истата област или неправилната употреба може да предизвика оштетување на кожата. Доколку се појави каква било абнормалност на кожата, изладете ја засегнатата област и веднаш консултирајте се со медицински професионалец.

Мислења на потрошувачи

liljana.bogdan…
5
go vidov tuka kako nov proizvod pa potoa mi izleze na instagram kako georgina rodrigez go koristi i resiv da go kupam, pravi cuda
Bici
5
Predobro
Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се