МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна на територијата на целата држава и истата е бесплатна со нарачка над 1.500 денари.

Имате можност за избор на термин за достава.

 

Моќта на дарувањето: зошто подарокот ги буди најискрените чувства?

Дарувањето е еден од најстарите начини за изразување љубов, почит и благодарност. Секој подарок, без разлика дали е мал знак на внимание или раскошен гест, буди длабоки емоции кај примателот и создава незаборавни моменти. Без разлика дали е за драг пријател, другар, другарка, сопруг или сопруга, дечко, девојка, баба, дедо, мајка, татко, дете или било која друга сакана личност, па дури и колега, вистинскиот подарок има моќ да ги зацврсти врските и да создаде незаборавни моменти.

Podari podarok (gift)

Какви чувства буди подарокот?

  • Зголемена среќа: Дарувањето стимулира позитивни хормони како окситоцин, кој ја зајакнува врската помеѓу луѓето
  • Подобрување на односите: Подароците помагаат во решавање на недоразбирања и носат нова свежина во секој однос
  • Израз на благодарност: Дарувањето е одличен начин за покажување признание за нечии добри дела
  • Подароците го зборуваат јазикот на љубовта: Со внимателно избирање на подарок што одговара на личните вкусови на примателот, вие покажувате дека ја разбирате и цените таа личност. Многумина даруваат за посебни прилики, но изненадувачки подарок без повод може да предизвика уште поголема радост

Зошто дарувањето буди среќа?

Дарувањето е повеќе од само материјален чин. Истражувањата покажуваат дека и дарувачот и примателот чувствуваат зголемена среќа при размена на подароци. Еве зошто:

  • Израз на љубов и внимание: Подарокот кажува „Мислев на тебе“ и покажува дека примателот ви е важен
  • Создавање на емоционални врски: Размената на подароци зајакнува пријателства и романтични односи
  • Моменти што се паметат: Еден добро избран подарок создава спомени кои остануваат засекогаш

Како да направите некого среќен преку дарување?

  1. Персонализирајте го подарокот: Дарувањето на нешто што ја одразува личноста и интересите на примателот носи најголема радост
  2. Не заборавајте на деталите: Убаво пакување и картичка со искрена порака додаваат дополнителна вредност
  3. Изберете нешто со значење: Подарете предмет што има емотивна или симболична вредност, како спомен подарок од заедничко патување, или мини авантура

Podari korejska kozmetika Luvum od Zegin Online

Немате идеја? Еве неколку наши предлози што да одберете за подарок

  1. Рачно изработени подароци: Покажуваат труд и внимание, што секогаш е високо ценето
  2. Козметички сетови и производи за нега: Несесер со омилената козметика е одличен избор за подарување внимание и грижа
  3. Ексклузивни производи за мека и нежна кожа: Корејска козметика е избор број 1 со кој дефинитивно нема да погрешите доколку дарувате некој кој е фасциниран од мега популарната K-beauty козметика
  4. Спомени: Фото албум, персонализиран сувенир или накит што носи емоционална вредност
  5. Торта, колачиња: Слатките задоволства се секогаш одличен избор да изразите почит, љубов, благодарност. Посебно ако се обидете да вложите труд и да ја додадете онаа неизбежна состојка - љубов, и да ги направите сами. Еве наш предлог за Здрава торта во облик на срце
  6. Ручек или вечера: Доколку сте љубител на добрата кујна, и знаете да готвите, ова е вистинскиот подарок кој може да го понудите. Ручек или вечера, дома или пак во некој ресторан (доколку не сакате да експериментирате во кујната, а оној што сакате да го изненадите сепак сака добра храна), секогаш е одличен избор
  7. Книги: Ако го знаете вкусот за книги на вашата сакана личност на која сакате да и подарите нешто, тогаш најновото издание на книга, убаво спакувана за да го долови моментот на изненадување, ќе биде вашиот правилен избор
  8. Цвеќе: За оние по романтичните, тука се секогаш цвеќарите кои ќе ви направат прекрасен букет со неодолив изглед, а може и опоен мирис, за да пробудат вистина лавина од емоции
  9. Плишани мечиња: За љубителите на големо плишано мече во прегратката, можеби тоа е најдобриот подарок со кој ќе овозможите да мисли на вас секогаш кога ќе го гушне мечето
  10. Парфеми, тоалетни води, мирисни спрејови: Префинет мирис од омилениот парфем, тоалетна вода, дезодоранс, лосион, секогаш знае да изнуди насмевка кај обожавателите на ароматични подароци

Podari parfem od Zegin Online.jpg

Дарувањето е еден од најубавите начини да внесете среќа, љубов и позитивна енергија во животот на некој друг. Без разлика дали сакате да изразите љубов, пријателство или благодарност, секој подарок носи уникатна порака и чувство на блискост. Затоа, без разлика дали барате подарок за него, или за неа, подарок за денот на вљубените - Свети Валентин (St. Valentine) или денот на жената - 8 ми март, подарок за роденден, годишнина, прослава, веридба, свадба, празник, слава, Нова Година, поклон за пензија (за пензионирање), повојница (подарок за бебе, новороденче, мекици) и сл., изберете нешто што ќе измами насмевка и ќе создаде незаборавен момент, а во исто време ќе ја одрази вашата љубов кон блискиот.

Барате инспирација? Истражете ја нашата колекција на подароци за сите прилики и создадете совршени моменти за вашите сакани.