MYLAN Дуфалак раствор, 200 мл

Опис на производот
Дуфалак се уотребува за третман на запек (недоволно често празнење на цревата, тврда и сува стоилица).
Со употребата на лаксативи се препорачува внес на доволна количина на течности (1.5 - 2 л) во текот на денот.
Пакување: 200 мл
Содржина
Состав: лактулоза, 1 мл перорален раствор содржи 667 мг лактулоза.
Дозирање: во зависност од вашата реакција на лекот, докторот треба да ви ја прилагоди дозата на одржување после неколку дена од почетокот на терапијата. Потребно е неколку дена (2-3 дена) пред да се добијат очекуваните ефекти на лекот.
Дуфалак перорален раствор
Дози | Почетна дневна доза | Дневна доза на одржување |
Возрасни | 15 - 45 мл | 15 - 30 мл |
Деца од 7 до 14 години | 15 мл | 10 - 15 мл |
Деца од 1 до 6 години | 5 - 10 мл | 5 - 10 мл |
Доенчиња под 1 година | До 5 мл | До 5 мл |
Дозирање кај деца:
Лаксативите треба да се применуваат кај деца, новороденчиња и бебиња во посебни случаи и под медицински надзор, бидејќи можат да влијаат врз нормалниот рефлекс за празнење на цревата.
Не давајте Дуфалак кај деца помлади од 14 години без претходно советување со лекар и без лекарски надзор.