MYLAN Траумон 10% гел, 50 г
Опис на производот
Траумон гел претставува медицински производ за надворешно, локално нанесување.
Се употребува за надворешен симптоматски третман на болки, предизвикани од акутни напори, истегнувања или модрици по екстремитетите или по удари со тап предмет како спортски повреди, на меко ткиво во близина на зглоб (на пример-бурза, тетива, лигамент и зглобна капсула) во случаи на артроза на колено.
Пакување: 50 г
Содржина
Состав: 1 г гел содржи 100 мг етофенамат - активната супстанца во Траумон гел, која припаѓа на групата не-стероидни (не содржи кортизон), антиревматски лекови (лек за ревматизам) и има антиинфламаторни (антифлогистички) својства, како и својства за ублажување болки (аналгетик).
Употреба: нанесувајте околу 10 цм долга лента со Траумон гел (еквивалентно на 3.3 г за една администрација) три пати дневно во тенок слој на засегнатите делови од телото и нежно протријте да навлезе во кожата.
Пред да ставите завој, треба да дозволите неколку минути гелот да се исуши на кожата.
Поставување на оклузивен завој (покривка од пластичен слој) не се препорачува.
Не се препорачува доколку сте алергични на состојката, на отворени повреди, инфламации или инфекции на кожата, како и егзема на кожата, на очите, усните и на мукозните мембрани.
Не се препорачува во последното тромесечје на бременоста и кај деца и адолесценти.