Напроксен, ваш сојузник против главоболка!
Главоболката претставува една од најчестите здравствени тегоби во општата популација и е меѓу најчестите причини за барање на медицинска помош и употреба на аналгетици.
Околу 70-95% од сите луѓе имале главоболка во текот на животот. Најчесто се јавува на возраст од 20 до 45 години и инциденцата се намалува со зголемување на возраста.
Главоболката може значително да го наруши секојдневното функционирање на поединецот, да ја намали работната способност, концентрацијата и квалитетот на животот, како и да влијае врз социјалните и семејните активности.

Според интернационалните критериуми главоболките се поделени во 14 различни класи.
Од 1-та до 4-та класа се примарните (мигрена, тензиска главоболка, Cluster – главоболка и други тригеминални автономни невралгии, и други примарни главоболки), од 5-та до 12-та класа се секундарни главоболки (главоболки асоцирани со цереброваскуларни нарушувања, главоболки асоцирани со промени на ликворниот притисок на мозокот, трауматски главоболки, главоболки асоцирани со инфекции, апстиненциски главоболки), а 13-та и 14-та класа се невралгии на кранијалните нерви и лицеви болки.
Најчеста е тензионата главоболка која обично се опишува како чувство на притисок или стегање околу челото, тилот или по целата глава и често е поврзана со стрес, замор или недоволен сон. Мигрената, пак, најчесто се јавува како пулсирачка болка, често на едната страна од главата, а може да биде придружена со чувствителност на светлина, звук, мачнина или повраќање. Кластер главоболките се поретки, но се карактеризираат со силна интензивна болка.
Причините за главоболка се бројни вклучувајќи дехидратација, прескокнување на оброци, недоволен сон, прекумерно изложување и работа пред екран, стрес, инфекции, покачен крвен притисок, како и други медицински состојби.
Дијагностицирањето на главоболката се базира врз основа на анализирањето на потеклото на главоболката, внимателен преглед на пациентот на соматски и невролошки план, разгледување на потребата за диференцијални дијагностички испитувања и разгледување на можностите за третман.
За намалување на ризикот од појава на главоболки се препорачува редовен сон, доволен внес на течности, балансирана исхрана, физичка активност , релаксација.

Од особена важност за третман на главоболката е изборот на соодветен аналгетик.
Токму при третман на главоболка особено кај тензионите главоболки и мигренозните напади од лесен и умерен интензитет напроксенот е лек од избор.
Напроксен е нестероиден антиинфламаторен лек (НСАИЛ), кој ја спречува синтезата на простагладините, кои се одговорни за настанување на болка и воспаление.
Напроксен има долг полу-живот кој овозможува долготрајно дејство, од 8 до 12 часа.
Неговото аналгетско и антиинфламаторно дејство овозможува ефикасно намалување на болката и подобрување на функционалната способност на пациентот.
Главоболката не треба секогаш да се игнорира, но ниту секогаш да предизвикува загриженост – правилната проценка и навремената грижа се клучни за зачувување на здравјето.
Д-р Мартина Маркоска
ПЗУ Витакор Прилеп