NATURES AID Цинк пиколинате 15 мг, 30 таблети

NATURES AID Цинк пиколинате 15 мг, 30 таблети
199,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
048405C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Цинкот придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем. 

Предности на производот...

Цинк пиколинат претставува една од хелатните форми на цинк во кои тој е врзан со органски молекули. При изборот на цинк во различни форми, првиот патоказ е хелатен облик, бидејќи тие покажуваат далеку посилна биоактивност. Во цинк пиколинатот,  цинкот е врзан со органската пиколинска киселина, која природно се создава во организмот од аминокиселината Л-Триптофан и претставува најефикасен метален хелатор. Оваа форма на цинк покажува супериорност во споредба со останатите поради подобрата апсорпција и поголемата биорасположливост. 

Таблетите содржат бакар во идеален сооднос на содржината на цинк. Предноста на производот се огледа во два аспекти. Првиот е синергистичното делување на бакарот кој е значаен за нормален енергетски метаболизам, нормална функција на имунолошкиот систем, нормална пигментација на косата и кожата, заштита на клетките од оксидативниот стрес, одржување на нормално сврзно ткиво, нормален транспорт на железо во организмот и др. Вториот аспект се однесува на претпазливоста поради постоењето на интеракција помеѓу цинкот и бакарот, поради која долготрајно земање на високи дози на цинк може да ја инхибира апсорпцијата на бакар и да предизвика негов дефицит во организмот. Заради тоа, долгорочното надополнување  на цинк треба да вклучува и внес на бакар во сооднос 15:1 (Zn:Cu), каков што е запазен во Natures Aid Zinc Picolinate производот.

  • Погодно за вегетаријанци и вегани

Пакување: 30 таблети

Содржина

Состав:

Една таблета содржи:

    %ПДВ
Цинк  15 мг 150
Бакар 1 мг 100

*препорачано дневно внесување     

Состојки: микрокристална целулоза, цинк пиколинате, Д-калциум фосфат, бакар глуконат, средство против стврднување (магнезиум стеарат од растително потекло, силициум диоксид), натриум карбоксиметилцелулоза.

Употреба: земете 1 (една) таблета на ден, во тек на оброк.
Да не се надминува препорачаната дневна доза.

Додатоците на исхрана не треба да се користат како замена на разновидна и балансирана исхрана и здрав начин на живот.
Ако сте бремени, доите, земате некои лекови или имате некоја медицинска состојба, консултирајте се со Вашиот лекар пред употреба на производот.

Податок за алергии
Производот не содржи: глутен, вештачки ароми, бои и конзерванси, лактоза, квасец.

Начин на чување:
Да не се користи ако пакувањето е оштетено.
Да се чува на места недостапни за мали деца.
Да се чува на ладно и суво место.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се