NATURES AID Мултивитамински капки, 50 мл

Natures Aid Multi-Vitamin Mini Drops for infants and children, 3 months to 5 years, Daily Support / multivitaminski kapki za deca
NATURES AID Мултивитамински капки, 50 мл
499,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
049344C
favorite_border

Опис на производот

Mini Drops Multi Vitamin е граничен производ во форма на перорални капки кој претставува внимателно избалансирана формула.

  • За доенчиња и деца, од 3 месеци до 5 години
  • Содржи 9 есенцијални витамини кои се особено значајни за растот и развојот во детската возраст
  • Со природна арома на портокал
  • Обезбедуваат соодветна надокнада на витамини, неопходни за нормалниот раст и развој во детската возраст
  • Соодветно за вегани и вегетаријанци.

Во текот на првите години од животот, децата имаат многу високи нутритивни потреби, а особено потреба од витамини кои играат важна улога во нивниот раст и развој.

  • Витамините Б6 и Б12 придонесуваат за нормална функција и создавање на здрави црвени крвни клетки
  • Витамин А обезбедува значајна подршка на здрав вид
  • Витамин Б1 придонесува во одржувањето на здрава срцева функција

Пакување: 50 мл.

Содржина

Дневна доза од 1 мл содржи:

   
Витамин А 400 мкг RE

Витамин Д

7.5 мкг (300 ИЕ)

Витамин Ц

40 мг

Витамин Б1

0.5 мг

Витамин Б2

0.5 мг

Витамин Б3

8 мг NE

Витамин Б6

0.5 мг

Витамин Б12

1 мкг

Витамин Б5

2 мг

Помошни компоненти: прочистена вода, глицерин, природен вкус на портокал, калиум сорбат. 

Не содржи вештачки бои и мириси, шеќер, лактоза, квасец и глутен.

Употреба

  • Добро да се протресе пред употреба

  • Доенчиња и деца од 3 месеци до 5 години: 1 мл перорални капки, раствор, се капнуваат во било која храна или пијалок

  • Исчистете ја и исушете ја капалката веднаш после секоја употреба на граничниот производ MINI DROPS Multivitamin со претходно провриена и оладена вода

Чување и рок на употреба на производот:

  • Да се чува на ладно и суво место.

  • Не треба да се чуваат во фрижидер.

  • По првото отворање производот може да се користи во тек на 4 месеци.

  • Производот НЕ содржи: глутен, додадени шеќери, вештачки ароми и бои, лактоза, квасец.

Мерки на претпазливост: Немојте да го употребувате граничниот производ MINI DROPS Multivitamin ако сте алергични (преосетливи) на активните супстанции на граничниот производ или на некоја од помошните супстанции. Не ја надминувајте препорачаната дневна доза! Граничниот производ MINI DROPS Multivitamin не претставуваат замена за избалансираната и разновидна исхрана. Не е наменет за употреба кај возрасни. Ако заборавите да земете MINI DROPS Multivitamin, пропуштената доза пробајте да ја земете веднаш штом ќе се сетите. Меѓутоа, не земајте двојна доза за да ја надоместите пропуштената. Во случај на било какви нејаснотии или прашања поврзани со употребата на овој производ, обратете се на Вашиот лекар или фармацевт. Да се чува на температура под 25°С, во оригинално пакување, на суво место надвор од поглед и дофат на деца. Рок на употреба по првото отварање е 4 месеци.

 

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се