NATURES AID Витамин Д3, 5000 ИЕ, 60 таблети

natures aid vitamin d3 5000iu
NATURES AID Витамин Д3, 5000 ИЕ, 60 таблети
399,00 ден.
259,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
048779C
favorite_border

Опис на производот

NATURES AID Витамин Д3, 5000 ИЕ е граничен производ со витамин Д3 во форма на холекалциферол.

Витаминот Д се произведува во телото во моментот кога Вашата кожа е изложена на сончева светлина, поради што овој витамин често се нарекува „Витамин на сонцето“. Сепак, се смета дека недостигот на витамин Д е еден од најчестите недостатоци во човечкото тело.

Витамин Д3 придонесува за:

  • Нормална апсорпција и искористување на калциумот и фосфорот и со тоа одржување на нормално ниво на калциум и фосфор во организмот. На тој начин придонесува директно во одржување на нормални коски и заби. Помага при состојби на нарушување на здравјето на коските како на пример при остеопороза
  • Нормална функција на мускулите и зголемување на силата на мускулите кај младите, но и кај постарите особи. Како резултат за зајакнувањето на мускулната функција, индиректно помага во намалување на ризикот од скршеници настанати при пад поради мускулна слабост кај постари лица
  • Нормална функција на имунолошкиот систем и обезбедување на здрав имунолошки одговор во состојби на инфекции, на пример настинка и грип. При намалена отпорност на организмот поради различни причини витамин Д3 влијае на зајакнување на имунитетот
  • Има значајна улога во процесот на клеточна делба

За возрасни и деца над 16 годишна возраст. 

Пакување: 60 таблети

Содржина

Една (1) таблета содржи:  

    %ПДВ*
Витамин Д3 125 мкг (5000 ИЕ) 2500

*препорачано дневно внесување

Состојки: Д-калциум фосфат, микрокристална целулоза, витамин Д3 (холекалциферол), средство против згрутчување (силициум диоксид, магнезиум стеарат од растително потекло), натриум карбоксиметилцелулоза.

Употреба: по една (1) таблета на ден во тек на оброк. Производот е наменет за лица над 16 годишна возраст.

Мерки на претпазливост: Бремените жени и доилките треба да се консултираат со лекар пред употреба на производот.

Производот не треба да се користи како замена на разновидна и балансирана исхрана и здрав начин на живот. Да се чува вон дофат на деца. Да се чува на ладно и суво место. Ако сте пропуштиле доза, земете ја наредната и продолжете со вообичаеното дозирање. Не земајте двојна доза за да ја надокнадите пропуштената.

Информации за алергени:
Не содржи вештачки ароми, бои и конзерванси. Не содржи лактоза, глутен, квасец.
Производот е погоден за вегетаријанци.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се