NATURES AID Витамин Д3, 5000 ИЕ, 60 таблети

Опис на производот
- Витамин Д во висока концентрација
- Не содржи глутен, лактоза, квасец, соја и млечни производи
Витаминот Д се произведува во телото во моментот кога Вашата кожа е изложена на сончева светлина, поради што овој витамин често се нарекува „Витамин на сонцето“. Сепак, се смета дека недостигот на витамин Д е еден од најчестите недостатоци во човечкото тело.
Витаминот Д се користи во многу важни процеси, вклучувајќи:
- Поддршка за здрави коски и заби
- Поддршка за нормална апсорпција и искористување на калциумот
- Нормална функција на имунолошкиот систем и обезбедување на здрав имунолошки одговор во состојби на инфекции, како настинка и грип.
- При намалена отпорност на организмот, поради различни причини витамин Д3 влијае на зајакнување на имунитетот
- Придонесува за нормална мускулна функција
Одобрени тврдења од ‘’EFSA’’:
- Витаминот Д придонесува за нормална апсорпција / искористување на калциумот и фосфорот
- Витаминот Д придонесува за одржување на нормални коски, мускулна функција и заби
- Витаминот Д придонесува за нормална функција на имунолошкиот систем
- Витаминот Д има улога во процесот на поделба на клетките
- Витаминот Д помага да се намали ризикот од пад поврзан со постурална нестабилност и мускулна слабост: Паѓањето претставува голем ризик за фрактури на коските кај мажи и жени постари од 60 години
За возрасни и деца над 16 годишна возраст.
Пакување: 60 таблети
Содржина
Една (1) таблета содржи:
%ПДВ* | ||
Витамин Д3 | 125 мкг (5000 ИЕ) | 2500 |
*препорачано дневно внесување
Состојки: Д-калциум фосфат, микрокристална целулоза, витамин Д3 (холекалциферол), средство против згрутчување (силициум диоксид, магнезиум стеарат од растително потекло), натриум карбоксиметилцелулоза.
Употреба: по една (1) таблета на ден во тек на оброк. Производот е наменет за лица над 16 годишна возраст.
Бремените жени и доилките треба да се консултираат со лекар пред употреба на производот.
Производот не треба да се користи како замена на разновидна и балансирана исхрана и здрав начин на живот.
Не содржи ГМО, вештачки бои, вештачки ароми, млечни производи, лактоза, глутен, пченица, квасец, јатки, сол, соја, скроб и шеќер.
Информации за алергени:
Не содржи вештачки ароми, бои и конзерванси.
Производот е погоден за вегетаријанци.