NATURES AID Витамин Д3 капки 50 мл

NATURES AID Витамин Д3 капки 50 мл
499,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Атрибути
Шифра
049345C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Mini Drops Vitamin D3 50 мл е производ специјално формулиран за бебиња, доенчиња и деца, од раѓање до 5 години за поддршка на коските и забите.

Mini Drops Vitamin D3 содржи 400 ИЕ на витамин Д3 во 1 мл.

Создавањето на витаминот Д природно е стимулирано во телото од сончевата светлина.

Витаминот Д ја помага апсорпцијата на калциумот, минерал кој е неопходен за развој на здрави коски и заби кај бебиња и мали деца.

Потребата од дополнително внесување на витамин Д со исхраната, се зголемува со современиот начин на живеење заради се помалата изложеност на сончева светлина. Затоа, здравствените работници препорачуваат секојдневно надополнување на исхраната со витамин Д3 за сите доенчиња, бебиња и деца, почнувајќи од раѓање.

Пакување: 50 мл

Содржина

Состав: 400 ИЕ витамин Д3 во 1 мл

Правилна употреба на производот:

  • Доенчиња и деца од раѓање до 5 години треба да консумираат 1 мл на ден

  • Можете да ја доближите капалката до брадавицата или до цуцлата со која го храните Вашето бебе и да го оставите бебето 30тина секунди да ја исцица содржината во капалката или содржината да ја измешате во млечна формула, сок или пак храна

  • Добро да се протресе пред употреба

  • После секоја употреба измијте ја капалката темелно со изладена превриена вода и добро исушете ја

  • Да не се дава на доенчиња кои консумираат млечна формула во количина од 500 мл или повеќе во текот на денот

Чување и рок на употреба на производот:

  • Да се чува на ладно и суво место

  • Не треба да се чува во фрижидер

  • По првото отварање производот може да се користи во тек на 4 месеци

Производот НЕ содржи: глутен, додадени шеќери, конзерванси, вештачки ароми и бои, лактоза, квасец.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се