NeilMed Аспиратор за нос

Опис на производот
NeilMed Аспиратор за нос кој го помага:
- Дишењето
- Хранењето
- Спиењето
Карактеристики:
- Може да се стерилизира повеќе пати
- Погодно за бебиња и мали деца
- Намален ризик од контаминација
- Се разложува на делчиња кои се лесни за чистење
- Променливи филтери
- Транспарентен дизајн
- Без БПА, латекс или фталати
- Направено од медицински силикон
- Погоден за перење во машина за садови но така не може темелно да се очистат најтесните делови од аспираторот
Пакување: 1 аспиратор, 49 филтери и кутија.
Содржина
Како се користи NeilMed® аспираторот?
- Ставете го бебето во седечка или полуседечка положба
- Силиконскиот врв поставете го на ноздрата на бебето и повлечете го воздухот преку горниот (портокалов) отвор на цевчето, кој всушност функционира како вентил во еден правец-не дозволува да дувате во носот на бебето. Постапката можете да ја повторувате според потребите и во двете ноздри
- Доколку секретот е густ, пред да ја почнете постапката на аспирирање на секретот препорачливо е да ставите Probotalife® неколку капки или спреј за нос со диво оригано во двете ноздри
- Чистење
Постапката на чистење е едноставна и се повторува после секоја употреба: промијте го аспираторот со средство за миење садови или течен сапун, исплакнете го добро со млаз топла вода и оставете го да се исуши. По потреба заменете го хигиенскиот филтер доколку не е чист и секако по завршувањето на определена акутна инфекција. Не се обидувајте да го стерилизирате или повторно употребувате филтерот доколку не е очистен од мукус од носот.
За дезинфекција може да се користат следниве методи:
- Вриење-се ставаат сите компоненти (освен филтерот) во вода што врие во времетраење од 5 минути. Откако водата ќе се излади, се вадат сите компоненти и се сушат (може да се избришат со крпа која не пушта влакненца)
- Дезинфекција во микробранова печка-исчистените делови со сапун или средство за садови, доста исушени, се ставаат во микробранова печка во времетраење од 45 секунди
- Хемиска дезинфекција-доколку практикувате хемиски таблети или раствори за дезинфекција на бебешки шишиња, може да се користат истите и за дезинфекција на назалниот аспиратор
Предупредување: Овој производ не е играчка. Чувајте го на место недостапно за деца