NESTLÉ Pre Nan Формула за недоносени доенчиња, 400 г

Опис на производот
Специјална млечна храна за диететско регулирање на исхрана кај доенчиња со мала тежина на раѓање и на предвремено родени бебиња, по отпуштање од болница.
- Од раѓање
- За доенчиња
- Хидролизирани протеини, лесно сварливи
- ДХА, АРА
- Структурни липиди
- B.lactis
Нето-тежина: 400 г
Содржина
Состав: лактоза, растителни масла (сончогледово, палмово, кокосово, масло од репка со снижена содржина на ерука киселина, сончогледово масло богато со олеинска киселина), малтодекстрин, изолат од хидролизирана белковина од сурутка, концентрат од хидролизирани белковини од сурутка, минерали 9калциум-глицерофосфат, калциум-хлорид, магнезиум-хлорид, калциум-цитрат, натриум цитрат, калиум-хлорид, железо-сулфат, цинк-сулфат, бакар-сулфат, манган-сулфат, калиум-јодид, натриум-селенат), МСТ (средноверижни триглицериди), рибино масло (DHA), регулатор на киселост: лимонска киселина, холин битартарат, масло од Mortierella alpina, витамини [Ц (натриум L-аскорбат), Е (D,L a-токоферил ацетат), ниацин (никотинамид), пантотенска киселина (калциум D-пантотенат), Б2 (рибофлавин), А (ретинил ацетат), Б1 (тиамин мононитрат), Б6 (пиридоксин хидрохлорид), фолат (фолна киселина), К (филохинон), Д (холекалциферол), Д-биотин, Б12 (цијанокобаламин)], инозитол, L-аргинин, таурин, L-карнитин, Bifidobacterium lactis# култура.
#Количество Bifidobacterium lactis култура минимум 1х10−6 cfu/g.
Подготовка на оброкот за Вашето бебе:
- Измијте ги добро рацете пред да почнете со подготовка
- Измијте ги сите делови на шишето додека не исчезнат трагите од млеко
- Варете ја водата за пиење и оставете да се излади додека не стане млака (40°C)
- Прво ставете точно количество на вода во шишето. Потоа додате точно назначен број на рамни мерилки кој одговара на возраста на бебето, користете ја само мерилката од внатрешноста на кутијата
- Бидете сигурни дека мерилката е сува и вратете ја во кутијата. Добро затворете ја кутијата по секоја употреба и чувајте ја на ладно и суво место
- Затворете го и добро протресете го шишето додека не се раствори целосно млекото во прав
Табела на исхрана:
Тежина на доенчето во грами | Претходно превриена вода (во мл) | Број на рамни мерни лажички | Број на оброци дневно |
1800-3000 | Во согласност со препорака на лекар | Во согласност со препорака на лекар | Во согласност со препорака на лекар |
3000-4000 | 90 | 3 | 6 |
4000-5000 | 120 | 4 | 6 |
5000-6000 | 150 | 5 | 5 |
6000-7000 | 150 | 5 | 5 |
7000-8000 | 180 | 6 | 4 |
Внимание: непревриена вода, непревриени шишенца за бебиња или несоодветно разредување може да доведе до разболување на вашето бебе. Несоодветно складирање, ракување, мешање и хранење може негативно да влијае на здравјето на вашето бебе. Подгответе само едно шишенце по употреба. Нахранете го бебето веднаш по подготовката. Не го чувајте остатокот од формулата, фрлете го неискористениот дел.
Контраиндикации: PreNAN не може да се користи во случај на ГАЛАКТОЗЕМИЈА, лоша апсорпција на ГЛУКОЗА-ГАЛАКТОЗА или кај доенчиња на кои им е дијагностицирана нетолеранција на лактоза или алергија на протеини од кравјо млеко. Не е наменето за парентерална примена.