NOW L-Lysine 500 мг, 100 капсули

NOW L-Lysine 500 мг, 100 капсули
845,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
045064C
favorite_border

Опис на производот

L-Lysine е есенцијална амино киселина која мора да биде добиена преку исхраната или преку дополнување. Лизинот е неопходен за производство на сите протеини во телото, и е неопходен за одржување на структурниот протеински колаген и еластин, кои ги формираат сите сврзни ткива, како што се кожата, тетивите и коските.

L-Lysine е исто така претходник на L-Carnitine, кој е потребен за метаболизмот на мастите и за производството на енергија. Покрај тоа, L-Lysine може да помогне да се поддржи здрав имунолошки систем и правилна кардиоваскуларна функција.

Пакување: 100 капсули

Во организмот на возрасните се наоѓаат отприлика 15% белковини кои константно се разградуваат и обновуваат. Тој процес во нормални услови е во рамнотежа. Градивни компоненти на белковините се т.н. аминокиселини. Порано се мислеше дека 9 амино киселини припаѓаат на групата на есенцијални аминокиселини т.е дека до нив може да се дојде исклучиво по надворешен пат. Денеска меѓутоа се востанови дека организмот во случај на потреба сепак може да произведе 7 од нив (во ограничени количини). До останатите аминокиселини и понатаму може да се дојде само по пат на исхраната. Покрај одговарачкиот внес на аминокиселини важна е и нивната рамнотежа која во најголема мерка зависи од составот на внесените намирници. Доколку содржината на белковини е ниска (на пр. во случај на неурамнотежена или едноставна исхрана, гладување или диета), метаболизмот на аминокиселини може да се поремети.

Лизинот по својата хемиска форма се вбројува меѓу основните аминокиселини. Покрај тоа учествува и во изградба на белковините, помага во апсорпција на калиум, важен е за создавање на колагенот, допринесува во одржување на соодветната структура на сврзното ткиво, со што благотворно делува на здравјето на кожата, мускулите и зглобовите. Лизинот придонесува и во создавање и сочувување на нормалната структура на коските.

Примената на L-Lysine е многу широка – од учество во зарастување на лузни па се до помош во борбата против вирусите и заштита од остеопороза:

  • Поттикнува создавање на колаген
  • Кај вирус Herpes Simplex и Herpes Zoster
  • Помош кај лузни, стрии и бори

L-Lysine е есенцијална аминокиселина. Името произлегува од грчкиот збор lysis што значи ослободување. Покрај учеството во изградбата на протеини, неопходно е во формирањето на колаген и на тој начин поволно делува на сите места каде што се наоѓа колаген, на пр. сврзно ткиво и ѕидови на крвните садови, бидејќи помага да се зачува нивната структура.

Лизинот придонесува за создавање и зачувување на нормалната коскена структура, поттикнува апсорпција и искористливост на калциум.

Лизинот е незаменлив во синтезата на L-Carnitine, аминокиселина есенцијална за метаболизмот на масти, создавање на енергија и зачувување на одредени мускулни функции.

Исхраната на веганите и вегетаријанците е сиромашна со лизин па им се препорачува надополнување. Особите кои се на диета и оние кои работат тешки физички работи како и спортистите исто така им се препорачува суплементација со лизин.

Извори: месо, риба, сирење, млеко и млечни производи, јаткасти плодови, јајца, соја, квасец.

Содржина

Состав

L-Lysine (од L-Lysine Hydrochloride) 500 мг

Не е произведено со пченица, глутен, соја, пченка, млеко, јајца, риба, школки или јаткасти состојки. Произведено во GMP капацитет кој произведува други состојки кои ги содржат овие алергени. Без ГМО. 

Други додатоци: желатин (капсула), стеаринска киселина (од растителен извор), целулоза, оризово брашно и магнезиум стеарат (од растителен извор).

NOW® L-Lysine е есенцијална амино киселина со фармацевстки степен на чистина.

Употреба: земете 1 капсула 1-3 пати дневно.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се