OMISAN Алерговис капки за очи, 15 мл
Опис на производот
Omisan AllergoVis Eye Drops Алерговис капки за очи.
- Медицинско средство
- AllergoVis е стерилен, изотоничен, заштитен офталмолошки раствор, со течен екстракт од смил
- Посебно наменет за ослободување од симптоми при алергии
- Благодарение на неговото тројно дејство смирува, освежува и хидрира, ослободува од симптоми на печење и црвенило на очите
- Оваа изотонична формулација на база на течен екстракт на смил, совршено се адаптира на физиолошката состојба на окото и осигурува деликатна и удобна апликација
- Смилот е растение богато со мукоадхезивни поларни гликопротеини, чија функција е да ја задржуваат водата и да го направат растението отпорно на суша. Од тука потекнуваат неговите карактеристики за хидрирање, освежување и смирување
Индикации:
- Ги смирува, освежува и навлажнува очите при црвенило и иритација
- Помага при третман на алергии и алергиски коњуктивитис
- Ослободува од симптоми на очите при висока температура, чешање, печење, чувство на присуство на туѓо тело и иритација
- При промени на солзната обвивка на окото од нетрауматска и непатолошка природа
- Промени на окото настанати како резултат на дејство на надворешни фактори (екстремна изложеност на сонце, ветер, прашина, климатизирани простории, сув и загаден воздух)
- Визуелен стрес (прекумерна употреба на компјутер, несоодветно осветлување, ноќно возење итн.)
- Пролонгирана употреба на контактни леќи
Производот може да се користи при истовремена употреба на контактни леќи.
Пакување: 15 мл.
Содржина
Состав: смил 1% (Helichrysum italicum), динатриум едетат, натриум Н-хидроксиметил глицинат, изотоничен бафер раствор рН 7.2.
Не содржи безалкониум хлорид, хлорхексидин, феноксиетанол, парабени, темеросал или состојки од животинско потекло.
Употреба: капнете по 1-2 капки, во секое око, еднаш или повеќе пати на ден, по потреба или како што е препорачано од лекар. Ако носите контактни леќи капнете 2-3 капки на леќата пред или откако ќе ја ставите во окото. Постапката може да ја повторите неколку пати во денот.
Предупредување: ако дојде до појава на иритација, прекинете ја употребата на производот и веднаш контактирајте го Вашиот очен лекар. Да не се користи во случај на алергија на која било состојка на производот. Да се чува на суво место заштитено од извори на топлина на температура од 5° до 35°С. Да се чува на места недостапни за деца. Производот не е наменет за пиење. Да не се користи по истек на датумот на употреба. Да се употребува до 90 дена по првото отварање. Стерилно до првото отварање. Да не се користи ако е оштетено пакувањето. Не ја допирајте капалката од шишенцето до окото или очниот капак. Добро затворете го шишенцето по секоја употреба. Нанесете го производот најмалку 5 минути пред или после администрација на други локални офталмолошки производи.