OMISAN Календувис капки за очи, 15 мл

OMISAN Календувис капки за очи, 15 мл
249,00 ден.
0
Производот сѐ уште не е оценет
Бренд
Шифра
051075C
favorite_border

Во моментов услугата за достава е достапна само во град Скопје

Опис на производот

Стерилен, хидратантен офталмолошки раствор со течен екстракт од (Calendula officinalis) невен. Смирува и ослободува при состојби на иритирани и надразнети очи. Биокомпатибилен производ со неутрална pH и специфични компоненти кој помага во обновување на природниот физиолошки баланс на очите и дава пријатно чувство на свежина и ослободување.

Невенот (Calendula officinalis) е растение, широко употребувано во народната медицина при состојби на коњуктивитис и воспаление на очите. Неговите терапевтски карактеристики се должат на присуството на разни биолошки активни состојки како терпеноиди, флавоноиди, испарливи масла, кинони, аминокиселини и каротиноиди.

Стерилни капки за око, наменети за употреба при:

Печење или чешање на очите, предизвикани од различни стрес фактори:

  • стрес од надворешната средина (клима уреди, сув и загаден воздух, висока температура итн.)

  • визуелен стрес (прекумерна употреба на компјутер, слабо осветлување итн.)

  • механички стрес (пролонгирана употреба на контактни леќи)

Симптоми на иритација или хиперемија на очите предизвикани од надворешни фактори (коњуктивитис, црвенило, присуство на страно тело итн.)

Може да се користи при истовремена употреба на контактни леќи.

Производот не содржи: тимеросал и бензалкониум хлорид.

Сертифицирани според сите најнови европски норми и Iso стандарди, нивното производство се карактеризира со континуирана контрола  на квалитетот и безбедност на крајниот производ и биокомпатибилност. (Сертификација за ознака CE, ISO13485, BRC).

Пакување: 15 мл

Содржина

Состав: Calendula officinalis (невен) течен екстракт, динатриум едетат, изотоничен бафер раствор pH 7.2.

Производот не содржи бензалкониум хлорид, хлорхексидин или тимеросал или состојки од животинско потекло.

Употреба:

Капнете по една или две во секое око, еднаш или повеќе пати во тек на денот, во тек на неколку дена или по потреба или како што ви кажал Вашиот очен лекар. Може да се користи при истовремена употреба на контактни леќи.

Целната популација дефинирана за овие производи е корисници и носители на контактни леќи, без оглед на возраста и полот.
Производот да се користи само по третата година од животот.

Предупредување:

Ако дојде до појава на иритации, прекинете ја употребата на производот и веднаш контактирајте го Вашиот очен лекар. Да не се користи во случај на алергија или пречувствителност на која било состојка на производот. Да не се меша со било кои други производи. Производот не е наменет за пиење. Добро затворете го шишенцето по секоја употреба. Да се чува на места заштитени од извори на топлина. Да се чува на суво место на температура од 5°до 35°С. Да се чува на места недостапни за деца. Стерилно до првото отварање. Да се употребува до 90 дена по првото отварање. Не ја допирајте капалката до било каква површина, вклучително и очите. Да не се користи по истек на датумот на употреба. Да не се користи ако пакувањето е оштетено.

Мислења на потрошувачи

Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се