OMISAN Унивис био раствор за леќи, 360 мл

OMISAN Унивис био раствор за леќи, 360 мл
329,00 ден.
5
Просек: 5 (1 мислење)
Бренд
Шифра
051076C
favorite_border

Опис на производот

Раствор за контактни леќи со хијалуронска киселина и алое вера.

All In One раствор за комплетно одржување на сите видови меки контактни леќи. Благодарение на деликатната формула со висококвалитетната хијалуронска киселина и нејзината моќ за лубрификација, овој All In One раствор е еден од најпогодните за секојдневна употреба посебно во случај на поголема чувствителност на очите и во посебни состојби.

Производот е наменет за дезинфекција, чување, чистење, лубрифицирање, плакнење, отстранување на протеински наслаги и навлажнување на сите видови на меки контактни леќи.

Пакување: 360 мл

Содржина

СоставPHMB, натриум хијалуронат, алое вера, PVP, динатриум едетат, изотоничен бафер раствор pH 7.2

Употреба: Темелно измијте ги рацете и добро исушете ги, наполнете ги двата дела од кутијата за чување на контактни леќи (празна и чиста) со растворот и ставете ги контактните леќи во соодветниот дел од кутијата. Затворете добро и оставете ги леќите во растворот најмалку 4 часа, протересете ја кутијата нежно пред отварање.

Пред да ги земете леќите од кутијата за леќи измијте и исушете ги добро рацете, поставете ја леќата на дланката и со свеж раствор, нежно протријте ја од двете страни. Исплакнете ја контактната леќа со свеж раствор пред употреба, испразнете го растворот од кутијата за леќи пред секоја употреба.

Предупредување: Во случај на иритација на окото, веднаш прекинете ја употребата на производот и контактирајте го Вашиот лекар. Да не се користи во случај на алергија или пречувствителност на било која од состојките во состав на производот. Немојте да ја допирате капалката на шишето до каква било површина. Немојте да го мешате растворот со било кој друг раствор.

Немојте да го употребувате повторно растворот. Растворот не е за пиење. Добро затворете го шишето после секоја употреба. Чувајте го шишето заштитено од извори на топлина и на суво место, на температура од 5° до 35°С. Да се чува на места недостапни за деца. Производот е стерилен до првото отварање. Да се користи 90 дена по првото отворање. Да не се употребува по истекот на датумот на употреба. Да не се користи ако пакувањето е оштетено.

Мислења на потрошувачи

Bibi
5
Najdobroto sredstvo za leki koe ne gi susi ocite
Споделете го вашето искуство со овој производ!
Регистрирај се / Најави се