МОМЕНТАЛНИ АКЦИИ

Услугата за достава е достапна на територијата на целата држава и истата е бесплатна со нарачка над 1800 денари.

Имате можност за избор на термин за достава.

Општи услови за користење

УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ  

Со прелистување, користење на содржината и купување на веб-страницата zegin.com.mk посетителот се согласува со условите за користење.

Веб-страната на ЗЕГИН може да се користи без никакви надоместоци за користењето, а во согласност со наведените услови и правила. Со користењето на интернет продавницaтa на zegin.com.mk се обврзувате да ги почитувате следниве услови и правила:  

ОПШТИ УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ  

Веб-страницата zegin.com.mk е во сопственост на Zegin Healthy Food.

Општите услови за користење важат за сите посетители и корисници. Со прелистување, користење на содржината и купување на веб-страницата zegin.com.mk посетителот и корисникот се согласуваат со условите за користење. Со регистрација на веб-страницата, посетителот станува регистриран корисник. Корисникот е должен да се грижи за безбедноста на својата лозинка и периодично да ја менува. Страницата на веб-продавницата можете да ја користите исклучиво за пребарување, информации за производите и купување на понудените артикли. Сите информации достапни на веб-страницата zegin.com.mk  се само за информативни цели и не смеат да се користат за комерцијални цели.

Условите за купување на производи преку интернет продавницaтa на ZEGIN Online се дефинирани со следниве параметри: нарачка, плаќање, подготовка на купениот производ за испорака, испорака на купениот производ и враќање на производ во случаи на поплака од потрошувачот. Испорачателот на производите е Zegin Healthy Food Маџари, Подружница Е-трговија, кoj преку своjaтa интернет продавницa на веб-страницата zegin.com.mk овозможува купување на голем дел од асортиманот на производи кои се наоѓаат во неговата понуда.        

РЕГИСТРАЦИЈА  

Клиентот мора да биде регистриран на веб-страницата zegin.com.mk за да изврши купување. За време на регистрацијата, од Клиентот се бара да внесе адреса за е-пошта и лозинка. Потребно е само да оставите валидна e-mail адреса во првиот чекор од процесот на наплата, така што по внесувањето на податоците потребни за испорака, ќе може да ви се испрати потврда за нарачката.

Создадената корисничка сметка останува регистрирана во системот и до неа се пристапува со комбинација на корисничко име и лозинка на страницата „Најави ме“.

Во случај да сте ја заборавиле лозинката, на истата страница треба да кликнете на „Побарај нова лозинка?“. Доаѓате до страницата каде што можете да ја оставите вашата e-mail адреса со која сте се регистрирале на веб-продавницата, а потоа системот автоматски ви испраќа линк за да ја ресетирате вашата лозинка и да добиете нова. Можете сами да ја промените подоцна во поставките на сметката.

По креирањето на сметка, за сите понатамошни купувања е потребно само најавување со корисничко име и лозинка.

Повеќе информации за регистрација на нашата веб страна имате на следниот линк.  

 

ЧЛЕН 1.

Трговец  и потрошувач  

Трговец на робата е Zegin Healthy Food Маџари Подружница Е-трговија кој понатаму во условите за користење се нарекува Трговец на веб-страницата zegin.com.mk.

Секое физичко лице кое преку електронски пат ќе нaрача производи на веб-страницата zegin.com.mk се нарекува Потрошувач.

Само полнолетни потрошувачи можаат да прават нарачки во онлајн продавницата на zegin.com.mk.

Веб-страницата zegin.com.mk не прифаќа никаква одговорност за примени нарачки или испорачани стоки на лица помлади од 18 години.    

 

ЧЛЕН 2.

Одговорност  

Веб-страницата zegin.com.mk не е замена за лекарски преглед, консултации во аптека, ниту пак треба да се користи за поставување дијагноза. Ако сте бремени, доите или користите одредени лекови, консултирајте се со вашиот лекар или фармацевт пред да изберете производ за самолекување.

Ако има веб-врски што водат од страницата zegin.com.mk до друга локација, а таа страница не е во сопственост на ЗЕГИН или не е одобрена за поврзување на страницата со нашата онлајн страна, Зегин Хелти Фуд ДОО Скопје како Трговец не е одговорен за содржината на тие страници, ниту пак овие Услови за користење важат за нив.

Со користење на веб-страницата zegin.com.mk, се смета дека се согласувате дека ЗЕГИН нема да биде одговорн за каква било директна или индиректна, материјална или нематеријална штета предизвикана од толкувањето на информациите од веб-страница zegin.com.mk.  

 

ЧЛЕН 3.

Информација за производот  

Информациите за производите понудени на zegin.com.mk се земени од поединечни декларации за производи, упатства за производи или од брошури на производителот на производот.

Оваа веб - страница содржи информации од трети страни (производители или дистрибутери овластени да ги продаваат наведените производи).

Фотографиите се преземени од производителот и не мора да се идентични. Фотографиите се идентични или слични на наведениот производ, но го задржуваме правото на грешка. Сите информации за подготовките, вклучувајќи ги и фотографиите, на страницата zegin.com.mk  може да содржат грешки или неточности.

ЗЕГИН ќе вложи разумни напори да најде точни и ажурирани информации на веб-страницата. Сите корисници кои пристапуваат на страницата zegin.com.mk ја користат нејзината содржина на сопствен ризик. zegin.com.mk нема да биде одговорна за какви било директни, случајни, последователни, индиректни или казнени штети кои произлегуваат од пристап, употреба или неможност за користење на zegin.com.mk или поради каква било грешка или нецелосност во нејзината содржина.

Ако одредена ставка има гаранција или е предмет на услови за сервисирање, тоа ќе биде означено во описот на таа ставка. Потрошувачот е должен да ги чува гарантниот лист и потврдата за времетраење на гарантниот рок. Потрошувачот може да ги оствари своите права само со приложување на гарантен лист и фискална сметка.  

 

ЧЛЕН 4.

Цени  

Сите цени се изразени во денари, во цената е вклучен и ДДВ. Цените важат на денот на нарачката.  

 

ЧЛЕН 5.

Подготовка на нарачката  

Нарачаните производи ќе бидат соодветно спакувани и испратени неоштетени до потрошувачот.

Потрошувачот е должен при преземањето на нарачката да ја провери од евентуалните оштетувања и веднаш да ја рекламира. Во спротивно не се презема никаква одговорност по однос на рекламација за испорака на производите.  

 

ЧЛЕН 6.

Плаќање  

Потрошувачот се обврзува да ја плати сумата за испорачаните производи на следниот начин на плаќање:

- со платежни картички по електронски пат.

При спроведување на нарачките, кога ќе ги внесете Вашите лични податоци, авторизацискиот процес на виртуелниот ПОС терминал се префрла на портал на процесинг центарот на НЛБ Банка, каде Вие ги внесувате потребните податоци за картичката: име и презиме на корисникот на картичката, број на картичката, сигурносен код и дата на истекување на картичката, со цел спроведување на авторизирање на трансакцијата.

Овие податоци ќе бидат собрани и обработени од страна на нашите доверливи добавувачи како трети страни (НЛБ Тутунска Банка), во согласност со условите и правилата на нивните политики за приватност и условите за користење.  

 

ЧЛЕН 7.

Нарачки во вредност над 2.000, 00 евра (две илјади евра)  

За нарачка во вредност до 2.000.00 евра (две илјади евра) во денарска противвредност, доколку се работи за еднократно плаќање, плаќањето може да се изврши само со платежна картичка.

Нарачка со вредност поголема од наведената сума не е возможна.

Доколку во период од еден работен ден се работи за неколку поврзани плаќања од последно извршено плаќање, чиј збир ја надминува вредноста од 2.000.00 евра во денарска противвредност, банката има право да одбие извршување на налогот.

На барање на банката веб-страницата zegin.com.mk е должна да дава извештаи, а според кои ќе се следат потенцијално поврзани и/или сомнителни трансакции.

На овој начин потрошувачот се информира за можноста за проверка на платежните трансакции, како поединечни, така и потенцијално поврзани трансакции, како и обврска да достави копија од неговиот личен документ и/или кој било друг документ или изјава поврзана со купувањата направени преку Веб-страницата zegin.com.mk.

Веб-страницата zegin.com.mk е должна да ја проследи целата потребна документација до банката, за примена на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам заради следење и запознавање на клиентот и контрола на извршувањето на платежните трансакции.

Во случаи на сомнителни трансакции или недоставување на потребната документација од страна на Веб-страницата zegin.com.mk банката ќе го прекине извршувањето на платежните трансакции.            

 

ЧЛЕН 8.

Испорака/ Достава  

ZEGIN Online не презема никаква одговорност во случај на доцнење на испораката поради виша сила.

Доколку не можеме да го испорачаме избраниот производ во наведениот рок или воопшто, ќе ве известиме за тоа навремено, а вие ќе одлучите дали сакате да ја прекинете испораката.

Трошоците за достава се вклучуваат при нарачката во крајната цена на нарачката.

Купувањето преку нашата интернет страница може да се реализира од било коja локација, но испораката се спроведува само на територијата на Република Северна Македонија.

Испорака се врши секој ден, освен на државни празници и неработни денови.

Испораката на производите се врши на адресата наведена за испорака од страна на потрошувачот.  

Има ли доплата за испораката?

  1. За нарачка до 1799 денари доплатата изнесува 200 денари
  2. За нарачка над 1800 денари доставата е бесплатна

Сите нарачки ќе бидат дистрибиурани во одбраниот термин, со исклучок на одредени отстапки поради технички проблеми во системот за нарачки или во сообраќајот. Испораката на нарачките се врши до врата. Доколку при испорака на нарачката примачот на пратката (потрошувачот) инсистира нарачката да му биде предадена пред објектот, само во тој случај доставувачот нема да ја достави нарачката до врата.

Пред да ја подигнете пратката од доставувачот (курир), Ве молиме проверете ја пратката и не ја подигнувајте доколку артиклите се оштетени или со намалена вредност. Во спротивно, рекламациите и приговорите нема да бидат прифатени од ZEGIN Online zegin.com.mk .  

 

ЧЛЕН 9.

Неуспешна достава  

За секоја нарачка примачот на пратката (потрошувачот) ќе биде контактиран во терминот за достава кој го одбрал, но ако не е достапен (искомунициран), пратката ќе биде вратена во седиштето односно во местото за испорака кадешто ќе може да се подигне во рок од 15 дена од денот на нарачување.

Доколку примачот на пратката има барање за повторна дистрибуција на истата пратка, должен е истата услуга да ја плати на самиот доставувач. Цената за повторна достава е 150 денари.

Доколку примачот на пратката одбие да ја прими пратката, таквите ситуации претставуваат неуспех да се достави пратката до примачот на пратката. Неуспешната достава резултира со враќање на пратката во седиштето (местото за испорака).

Во случај на неуспешна достава, примачот на пратката односно потрошувачот кој го платил купувањето со платежна картичка има право на враќање на средствата, без трошоците за достава на пратката.  

ЧЛЕН 10.

Информации за право на повлекување од договорот на далечина или од договорот вон деловните простории на трговецот  

Согласно член 127 од Законот за заштита на потрошувачите („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 236/22) потрошувачот има право, без да наведе причина, еднострано да се повлече од договорот на далечина или договорот вон деловните простории на трговецот.

Рокот за повлекување истекува по изминувањето на 14 дена од денот кога стоката што е предмет на договорот е предадена на потрошувачот или на трето лице определено од потрошувачот кој не е превозникот (доставувачот).

Пред истекот на рокот за еднострано повлекување од договорот на далечина или од договорот вон деловните простории на трговецот, потрошувачот е должен да го извести трговецот за својата одлука за повелкување на договорот преку Образецот за повлекување од договор на далечина или договор вон деловните простории на трговецот.

Образецот за повелекување од договор на далечина или договор вон деловните простории на трговецот треба да се испрати електронски на е-пошта: zeginonline@zegin.com.mк, или преку телефон 072 310 690 со изјава со која се изразува волјата на потрошувачот за раскинување на договорот за што ќе добие детални инструкции за понатамошно постапување.

За повеќе информации за право на повлекување од договорот на далечина или од договорот вон деловните простории на трговецот посете ја нашата политика на рекламации која е достапна на следниот линк.  

 

ЧЛЕН 11.

Жалби/приговори и враќање на пратки  

Жалбите, приговорите и изјавата за повлекување од договорот треба да се испратат на е-пошта: zeginonline@zegin.com.mк, или на телефон 072 310 690.

Во согласност со Законот за заштита на потрошувачите, трговецот писмено ќе одговори на жалбата на потрошувачот најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на приговорот. Во спротивно, потрошувачот може да се обрати до Државниот пазарен инспекторат.

За повеќе информации за Вашите жалби, приговори, повлекување од договорот и враќање на пратки, посетете ја нашата политика на рекламации која е достапна на следниот линк.  

 

ЧЛЕН 12.

Изјава за заштита на личните податоци  

Зегин со седиште на ул. Народен Фронт бр. 5-3/1, како сопственик на доменот, zegin.com.mk, во согласност со прописите за заштита на личните податоци, се обврзува да обезбеди заштита на личните податоци на потрошувачите на тој начин што ги собира само неопходните, основни податоци за клиентите кои се неопходни за исполнување на нашите обврски, ги информира потрошувачите за начинот на користење на собраните податоци, и редовно им дава на клиентите можност да изберат за употребата на нивните податоци.

Сите информации за корисниците строго се чуваат и се достапни само за вработените во Зегин, на кои им се потребни овие информации за да ја вршат својата работа. Сите вработени во Зегин, како и деловните партнери, се одговорни за почитување на принципите на заштита на приватноста. Зегин се обврзува да примени максимални безбедносни мерки со цел да ги заштити интересите на клиентите и да спречи можна злоупотреба на информации.

Веб-страницата zegin.com.mk служи како електронско продажно место за Зегин. При пријавување на физичко лице на веб-страницата zegin.com.mk бараме одредени лични податоци како што се: име и презиме, адреса на е-пошта, адреса на живеење, телефонски број и слично за да обезбедиме продажни услуги и испорака на дефинирана адреса.

За повеќе инофрмации за собирањето, обработката и заштитата на Вашите лични податоци посете ја нашата политика на приватност која е достапна на следниот линк.

 

ЧЛЕН 13.

Директен маркетинг  

Потрошувачите кои сакаат да добиваат известувања за попусти, промоции и специјални понуди од нашата веб-страница zegin.com.mk може да изберат опција со зачленување на Зегин Билтенот на  следен начин:

- со внесување на e-mail адресата на дното на почетната страница, во делот „Зачлени се !“.

Потрошувачот може во секое време да ја отповика согласноста за примање директен маркетинг, а обврска на интернет продавницaтa на zegin.com.mk е редовно да ги проверува и прифаќа отповикувањата на согласноста испратени од потрошувачите кои не сакаат да примаат пораки од директен маркетинг.

Доколку потрошувачот го остави својот коментар, евалуација на производи и/или услуги, преглед, фотографија, итн. на веб-страницата zegin.com.mk, со прифаќање на овие Општи услови и преддоговорни информации, потрошувачот се согласува веб-страницата zegin.com.mk да може да го користи таквиот коментар, преглед, евалуација или фотографија за маркетиншки цели.  

 

ЧЛЕН 14.

Забрана за злоупотреба на интернет продавницaтa односно веб-страница zegin.com.mk  

Корисникот кој пристапува до интернет продавницaтa на zegin.com.mk е должен да се воздржи од какво било однесување што може да претставува злоупотреба. Дејството на корисникот ќе се смета за злоупотреба или недозволено дејство доколку е спротивно на позитивните прописи, совеста и добрите деловни обичаи.

На корисниците на интернет продавницaтa на zegin.com.mk не им е дозволено:

- да попречуваат и/или оневозможуваат какви било функции поврзани со безбедноста на интернет продавницaтa на zegin.com.mk или функции што ја спречуваат или ограничуваат употребата или копирањето на достапната содржина;

- да објавуваат и/или пренесуваат на интернет продавницaтa на zegin.com.mk било каков материјал што е заканувачки, клеветнички, непристоен, навредлив, порнографски или злоставувачки. Ова исто така важи и за материјал кој може да поттикне расна омраза, да предизвика вознемирување или какви било непријатности поради повреда на приватноста, или довербата со одредени дискриминаторски, заканувачки или провокативни коментари;

- да даваат неточни информации во врска со личните податоци;

- да користат туѓи лични податоци без согласност на субјектот на личните податоци или лажно да се претставуваат дека дејствуваат во име на трето лице, фирма или организација;

- да се вклучат во какво било незаконско или противправно однесување користејќи ја интернет продавницaтa на zegin.com.mk;

- да ја менуваат, попречуваат, пресретнуваат или хакираат интернет продавницaтa на zegin.com.mk за да ја онеспособат;

- да користат специјализирани програми заради преземање содржини од интернет продавницaтa на zegin.com.mk;

- да ги злоупотребуваат правилата и условите за купување на интернет продавницaтa на zegin.com.mk и промотивните акции со цел да се добијат неоправдани придобивки за корисникот.

Во ситуации кога ќе се утврди дека нарачката на корисникот е создадена со цел да се злоупотреби нашата веб страницата zegin.com.mk, го задржуваме правото да ја откажеме таквата нарачка.

Доколку било кој од наведените услови е прекршен, корисникот може да биде спречен да ја користи нашата веб страница zegin.com.mk, на трајно или привремено ниво. Исто така, можно е да се преземат други мерки, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на поднесување соодветни поднесоци до надлежните органи.    

 

ЧЛЕН 15

Важење и промени на општи услови за користење и преддоговорно информирање на потрошувачите  

Овие Општи услови и преддоговорни информации се усвоени и стапуваат на сила на 15.02.2024 годинa.

ЗЕГИН го задржува правото да ја промени содржината на оваа веб-станата zegin.com.mk во согласност со промените на општи услови за користење на веб-страница zegin.com.mk и во случај на промени на позитивните законски прописи во државата, и нема да биде одговорен за какви било можни последици кои произлегуваат од таквите промени.

Доколку некој услов или одредба од Општите услови и преддоговорните информaции станат неважечки, важењето на другите услови и одредби нема да биде доведено во прашање.

ЗЕГИН е должен да го информира потрошувачот на пригоден начин за промените на Општите услови и преддоговорните информaции.

Потрошувачите можат повремено да ја посетуваат оваа веб-станата zegin.com.mk и да проверат дали Општите услови и преддоговорните информaции можеби се променети од нивната последна посета.

 

ЧЛЕН 16.

Завршни одредби  

Со прифаќање на овие Општи услови за користење на веб-страницата zegin.com.mk, потрошувачот потврдува дека ги прочитал, целосно ги разбрал условите за користење, дека ги прифаќа во целост и дека е свесен за сите правни последици од прифаќањето.

Трговецот го советува потрошувачот да не купува на zegin.com.mk, доколку не ги разбрал Условите за користење или не прифаќа дел од нив.  

 

ЗЕГИН, 15.02.2024 година