Органски и безглутенски тестенини од грашок на Bartolini - посна рецепта

Органски и безглутенски тестенини од грашок🫛на Bartolini со кремаст сос од авокадо🥑и босилек 🍃 (без млечни производи)
✅ Без глутен
✅ Вегански
✅ Супер здрав и свеж
Состојки:👇
🫛Тестенини од грашок
🥑1 зрело авокадо
🍃1 рака свеж босилек
🧄1 чешне лук
🍋Сок од ½ лимон
🫒2-3 лажици ладно цедено маслиново масло
🧂Сол и црн бибер по вкус
💧2-4 лажици вода (по потреба за конзистенција)
Упатство:👇
- Сварете ги тестенините според упатството
- Во блендер или сечко ставете ги авокадото, босилекот, лукот, лимоновиот сок, маслиновото масло, солта и биберот
- Мешајте додека не добиете мазна кремаста текстура
- Ако е густо, додајте 1-2 лажици вода додека не се добие саканата конзистенција
- Додајте го сосот врз свежо зготвените тестенини и убаво промешајте
Совет:
Сосот не се вари – само се меша со топлите тестенини за да не се изгуби свежината на авокадото и босилекот.
Пријатно јадење!🤩