OTOSAN Спреј за уво, 50 мл

Опис на производот
- За возрасни и за деца над 3 годишна возраст (3+)
- Изотоничен раствор за елиминација на прекумерна количина на ушна маст и длабинско чистење на увото
- 5 Органски БИО екстракти - алое, слез, невен, камилица и лимон
- Со алое и чајно дрво
- Со својство за хидратација
- Погодно за вегани
- Еко спреј без пропелант гас
Otosan® спрејот содржи органски растителни екстракти кои имаат нежно, но ефикасно дејство за чистење на ушниот канал односно отстранување на прекумерната количина на ушна маст и со тоа одржување на здравјето на ушите.
Редовна употреба ја спречува акумулацијата на прекумерна количина на ушна маст.
Пакување: 50 мл
Прочитај повеќе
Состојки со голема ефикасност:
Otosan® Spray не содржи вештачки бои и конзерванси со цел да се гарантираат максимални нивоа на толеранција. Неговото дејство се должи на комбинација од способноста за ефикасно чистење на солениот раствор и антисептичните карактеристики на маслото од чајно дрво. Дополнително производот содржи алое со истакнато дејство на хидратација и 100% органски ектракти на лимон со извонредни хигиенски карактеристики, камилица и невен, со ефект на смирување и слез со моќ за омекнување.
Начин на употреба:
-
Држете ја главата исправено внесете го распрскувачот на Otosan® Spray во увото така што распрскувачот да биде во контакт со ушниот канал. Притиснете неколку пати на капачето на спреј контејнерот. Спреј контјнерот треба да го држите во исправена положба.
-
Почекајте неколку минути, да почне да делува Otosan® Spray. Наведнете ја главата на страната на увото кое го чистите, за да истече вишокот од растворот. Исчистете го нежно увото со марамче.
-
Повторете ја постапката на другото уво.
Исчистете го распрскувачот со топла вода, после секоја употреба.
Употреба:
Otosan® Spray е наменет за одржување на хигиена на ушите и превенција од насобирање на ушна маст. Се препорачува употреба еднаш на ден.
Содржина
Состав:
- Активни состојки:
Вода, Calendula Officinalis екстракт од цвет*, Chamomilla Recutita екстракт од цвет*, Melaleuca Alternifolia масло, Citrus Medica Limonum екстракт од кора*, Malva Sylvestrs екстракт од лист*, Aloe Barbadensis екстракт од лист*, натриум хлорид, алергени: лимонене 0.004%.
*биолошко/органско потекло
Предупредување:
Корестете на собна температура (од 20 до 25°С). Немојте да го изложувате контејнерот на извори на топлина. Немијте да го употребувате производот ако имате оштетување или повреда на ушното тапанче или на ушниот канал, било каква медицинска состојба на увото, после неодамнешна хируршка интервенција или во случај на алергија на која било од состојките на производот.
Да се чува на места недостапни за деца. Да се чува на температура од 0 до 35°С.
Производот не е наменет за деца под 36 месечна возраст.
Само за надворешна употреба. Избегнувајте контакт со очите. Внимавајте да не голтнете од производот. Да не се употребува ако кожата на ушниот канал е оштетена.
Немојте да го користите производот за било која друга намена, освен за онаа која е специфично наведена од страна на производителот во овие инструкции за употреба. Да не се употребува по истекување на датумот на рокот на употреба. Ако дојде до појава на несакани дејства, контактирајте го вашиот лекар или носителот на решението за запишување во регистерот на медицински средства. Ако истовремено употребувате други лекови или медицински средства, консултирајте се со вашиот лекар.
Несакани дејства:
Нема податоци за појава на несакани дејства.