OZONE GOLD Озон фактор, 30 капсули
Опис на производот
Ozon Gold Ozon Factor Озон фактор е додаток на исхраната.
Пакување: 30 капсули.
Прочитај повеќе
- Маслиново масло
Маслиновото масло е хранливо природно масло, екстрахирано од маслинки, плодот на маслиновото дрво кој е богат со корисни масти. Околу 24% од маслото го сочинуваат заситените масти и омега-6 и омега-3 масните киселини. Но, доминантна масна киселина (со дури 73%) во маслиновото масло е мононезаситената маст наречена олеинска киселина, која е исклучително здрава. Се верува дека олеинската киселина помага да се намалат воспалителните процеси во организмот, а истовремено таа може да има и корисни ефекти врз гените поврзани со ракот.
Ладно цеденото маслиново масло е исклучително хранливо. Освен тоа што е богато со корисни масни киселини, маслото содржи витамин Е и К. Маслиновото масло исто така содржи и моќни антиоксиданти. Овие антиоксиданти се биолошки активни и можат да помогнат во борбата против сериозни болести. Ова значи дека антиоксидантите се борат против воспалителните процеси и помогаат да се спречи оксидацијата на холестеролот во нашата крв, а тоа се два круцијални ризик фактори за спречување на појава на болести на срцето.
-
Озон
Некои истражувачи веруваат дека озонот има терапевтски ефекти, а нивните верувања се потврдуваат со фактот дека терапијата се изучува и се користи повеќе од 150 години и истата речиси редовно дава позитивни резултати. Озонот природно се наоѓа во стратосферата на земјата.
Негова примарна цел е да ја заштити земјата од ултравиолетовото зрачење на сонцето, а тоа тој го прави на тој начин што го апсорбира најголемиот дел од зрачењето. Во медицината, озонската терапија се користи за дезинфицирање, третирање на состојби преку дезинфекција на дадена област , подобрување на внесот и употребата на кислородот во телото и активирање на имунолошкиот систем.
Содржина
Состав: 77% озонирано маслиново масло, желатин (обвивка на капсулата). Една капсула содржи 500 мг озонирано маслоново масло, од кои 50 мг озон.
Употреба: Да се зема една капсула дневно на празен стомак со вода.
Мерки на претпазливост: Не ги изложувајте на директна сончева светлина. Да се чуваат на ладно и суво место. Цврсто затворајте го капачето после секое користење. Препорачаната доза не смее да се надминува. Да се чува подалеку од дофат на деца. Додатокот во исхрана не е замена за богата и разновидна исхрана.